Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to manage your personal budget


5 ефикасни совети кои ќе ви помогнат подобро да го менаџирате вашиот буџет

Менаџирањето на сопствениот буџет е круцијално за секој еден од нас, бидејќи тоа е главниот предуслов за да можеме да го поминеме месецот на најдобар можен начин, без разлика на висината на платата која што ја имаме.

Она што често се случува е луѓето да вперуваат прст кон висината на платата како главен причинител за неуспешното раководење со парите, наместо навиките за трошење кои се всушност многу поголем проблем, бидејќи во пракса, колку што е поголема платата, толку и повеќе трошиме.


Идентификувајте ги вашите навики за трошење

Првата работа на која што треба да посветите големо внимание се навиките за трошење, односно, на што всушност трошите откако ќе ги платите месечните кредити, сметките за струја, вода, и се останато, бидејќи ова ќе Ви помогне да дознаете во кој дел најмногу трошите.

Генерално, ова се трошоци за облека, возила, па се до она што му е потребно на вашиот дом и семејство.

Оваа практика ќе Ви помогне да идентификувате на што точно трошите, дали тоа се навистина неопходни работи, а доколку не се, тогаш би знаеле каде и да намалите со трошење со цел да си овозможите поголеми средства за тековниот месец.


Употребете го правилото 50/30/20

За оние кои никогаш не чуле за ова правило, тоа е всушност начин на кој што треба да го определите вашиот буџет изразено во проценти - 50% од буџетот се одвојува строго за трошоци кои што ви се неопходни за живот - сметки за струја, комуналии, трошоци за кредити, гориво и храна.

Потоа, 30% од платата искористете ја буквално на што и да посакате, излегувања, прошетки, шопинг и сл, додека пак,  останатите 20% тргнете ги настрана, и искористете ги за штедење.

Ова правило ќе Ви помогне правилно да го распределите буџетот на 3 клучни работи, од кои две се насочени кон трошење, а една кон штедење кое може да се покаже како клучно доколку ви се појават неочекувани трошоци во текот на месецот.


Направете план, поставете цел и придржувајте се

Колку ова и да звучи лесно и едноставно, сепак, овој дел е навистина предизвикувачки поради фактот што не сите луѓе можат да се однесуваат вака и да бидат дисциплинирани на долг рок.

Вашата цел може да биде одбирање на живеалиште, преселба во нов стан, инвестирање во викендица или пак купување на автомобили.

Во секој случај, она што треба да го направите е да пресметате колку точно би Ве чинело исполнувањето на вашата цел на месечно или пак на годишно ниво, а потоа, добиените информации искористете ги за да креирате буџет.

На крај, во зависност од платата, искористете го правилото 50/30/20, и пробајте да останете дисциплинирани колку што е можно повеќе, бидејќи само така ќе можете да ја остварите целта за пократко време од вообичаеното - во ова бидете сигурни!


Не се задолжувајте претерано

Сигурно сте забележале, или пак знаете познаници кои што кредитот го користат како добро утро, земајќи кредити за свадби, кредити за мали санации во домот, кредити за коли, и се останато, но, иако ова нуди само краткорочно решение, сепак, оваа практика носи голем број на негативни страни, од кои најлошата е тоа што секогаш ќе треба да враќате повеќе и повеќе.

Пазар3 Ве советува да избегнувате кредити, особено оние чија сума надминува неколку десетици илјади евра, бидејќи живееме во динамични и несигурни времиња во кои би можеле да бидете наградени со голема плата, но и да останете без работа одреден период.

Но, во случај да Ви е неопходен кредит од неколку илјади евра кој што ќе Ви помогне да го реализирате станбеното прашање, или пак да инвестирате во бизнис кој што Ви расте се побрзо, тогаш задолжувањето од овој тип би било повеќе од реално и разбирливо.


Почесто користете плаќање во кеш

Иако современиот начин на живот наметнува безготовинско плаќање, односно употреба на картици, сепак, плаќањето во кеш ќе ви ја ограничи контролата врз вашите трошоци, поради тоа што нема да знаете колку всушност трошите.

Она што често паметните луѓе го практикуваат е извлекување на одреден износ на средства од банкоматот, за да потоа со истиот располагаат во текот на целата недела, односно никогаш да не ја надминат висината на средствата.

Покрај ова, научете како да ја контролирате нагонот за трошење на се и сешто, и правете го тоа најмногу кога е сезоната на попусти, а бенефитите ќе си дојдат сами по себе за навистина кратко време.

Доколку пак, не сте љубител на готовина, тогаш пробајте да го лимитирате користењето на кредитната картичка, бидејќи кредитните картички се најголемиот непријател на вашиот буџет.


За крај, бидете спремни на тоа дека ако овие совети не ги употребите во пракса, истите ќе останат само обични совети кои нема да Ви ја променат положбата во која што моментално се наоѓате.

Сепак, за да постигнете одлични резултати потребно е време, да створите рутина, и да не настојувате колку е можно повеќе да се придржувате кон советите, бидејќи тие ќе Ви помогнат да добиете одлични резултати, токму онакви какви што заслужувате!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации