Зимскиот одмор е можеби вториот најочекуван период во годината кога повеќето од нас се подготвуваат да заминат на патување, посетувајќи ги некои од познатите зимски одморалишта, како во државава така и надвор од неа. Ова дополнително подразбира и претходна подготовка посебно на автомобилот со кој планирате да патувате, секако доколку не се одлучите за подалечна дестинација каде патувањето со автомобил не е возможно.
Кога станува збор за зима, студот е тој за што сите сме загрижени и за кој треба да се подготвиме. Затоа кога станува збор за патување со сопствено возило треба да земеме во предвид некои детали кои се многу битни, а можат да ни заштедат главоболка, време и пари.
Пред било што и да правите друго со автомобилот најбитен е техничкиот преглед на истото, како и замена на летните гуми со соодветни зимски гуми. Советуваме сето ова да се направи неколку дена пред планираното патување, како би биле сигурни дека возилото е исправно и како би имале време да ги замените летните гуми со соодветни зимски гуми кои се најпогодни за патување во зима, каде очекувано би имало и снег по патиштата.
Проверката на исправноста на моторот на вашиот автомобил сама по себе е задолжителна обврска на сопственикот на истиот. Без разлика дали се работи за зима или лето, редовното сервисирање на вашето возило е основна обврска која треба навремено да се извршува, овозможувајќи ви безбедност на патиштата, каде и да одите и во било кое време од годината. Редовниот сервис на возилото, особено ако планирате патување во зима е задолжителен. Со тоа само ќе си обезбетите поголема сигурност за вас и вашите сакани кои веруваме дека со нетрпение би го очекувале заимскиот одмор.
Исправноста, посебно на сопирачките, во било кој период од годината е можеби другата најбитна работа кога се работи за автомобилот со кој планирате да заминете на патување посебно во зима. Исправни сопирачки ќе ни овозможат побезбедно патување, со кое би се избегнале катастрофални несреќи посебно во зима кога знаеме дека патиштата се влажни и лизгави.
Антифризот е течност која редовно треба да се следи и повремено да се приоверува и менува. Антифризот е течност што има моќ да ја апсорбира вишокот топлина од моторот, Антифризот освен што го спречува замрзнувањето на течноста во системот на ладење на автомобилскиот мотор, го спречува и штити замрзнувањето на ладилникот, пумпата за вода, како и каналите за ладење.
Исправноста на светлата е многу битна заради намалената видливост на патот за време на зимските денови кога се соочуваме со снег и магла по патиштата. Со помош на исправни xenon svetla skopje светла на автомобилот освен што ќе ја обезбедите вашата прегледност на патот пред вас и околу вас, овозможувате да бидете и видливи за другите учесници во сообраќајот, како би се избегнале поголеми несреќи на патот.
Проверката за исправноста на акумулаторот на автомобилот советуваме да се направи во овластен автосервис како би биле сигурни дека акумулаторот на вашиот автомобил е исправен, или доколку не е би добиле соодветна замена за истиот. Сето ова го препорачуваме за ваша сигурност бидејќи и duracell akumulatori mk, односно неговата исправност е една од побитните работи посебно кога се работи за подолго патување, конкретно во зимскиот период.
Освен овие неопходни подготовки на автомобилот пред планираното патување на зимски одмор, советуваме да обезбедите и други работи за кои веруваме дека ќе ви бидат корисни време на патувањето.
Некои од овие работи е добро да ги понесете со себе особено во зима:
Стругалка за мраз
Ланци за гуми (зимската опрема е законски задолжителна за носење во автомобилите)
Лопата
Батериска ламба
Кабли за акумулатор за помош при статување на автомобилот (ова го препорачуваме како сигурност доколку ви откаже акумулаторот на автомобилот)
Полнач за мобилни телефони
Ќебиња
За крај, искрено се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат во подготовките доколку планирате да одите на зимски одмор, посебно со вашиот автомобил, секогаш и во било кое време можете да го посетите Пазар3.мк и да добиете дополнителни информации и совети.
Пораки
Информации за корисникот