Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

5 tips to stay hydrated during this summer


Топ 5 совети како да останете хидрирани ова лето


Внесувањето на доволна и редовна количина на течности е од огромно значење за вашето здравје во текот на целата година, а особено ова е важно да го практикувате за време на летото, каде што нашето тело не е воопшто имуно на високите температури.

Поради тоа, во оваа статија ќе имате можност да дознаете 5 одлични совети кои би ви помогнале да останете хидрирани, а со тоа да спречите потенцијални здравствени проблеми, како и полесно да се справите со високите температури!


#1 Внесувајте доволно вода

Имајќи го предвид фактот што телото на еден возрасен човек се состои од околу 60% вода, и повеќе од потребно е да ја внесувате или пак, да бидете блиску до препорачаното количество на вода од околу 3.7 литри за мажи или 2.7 литри за жени.

За време на летото, нашето тело испушта поголемо количество на течности, преку потење, а тоа го дехидрира телото и драстично го намалува правилното функционирање.

Имено, при намален внес на вода, луѓето можат да почувствуваат драстичен пад на енергијата, проблеми со концентрација, главоболки и суво грло, при што во приватниот како и во професионалниот живот, предизвиците стануваат уште покомплексни.

Кај старите лица, препорачлива е консултација со матичниот лекар околу дневното конзумирање на вода, а особено кон оваа практика треба да се придржуваат ранливите категории кои што имаат срцеви проблеми и сл.


#2 Внесувајте свеж зеленчук и овошје

Покрај препорачаните количини на вода кои што би требало да ги конзумирате, останатите течности би можеле да ги внесувате и преку свеж зеленчук или овошје.

Изборот е огромен, а и речиси да не постои човек кој што не сака да вкуси ладна лубеница и диња,  или пак да проба овошна салата со јагоди, малини, портокал, јаболка, банана, праска, цреши и се останато!

На пример, јаболкото се состои од вода чиј износ е 84%, а меѓу другото, тоа е одличен извор на витамини и минерали.

Во поглед на зеленчукот, краставицата би била совршена за конзумација, бидејќи таа содржи 95% вода а и има богата нутритивна вредност, како што се растителни влакна, витамин К, и тн.

Освен краставицата, практикувајте и салата со домати бидејќи тие се богати со витамин Ц, Б1, Е и К, и се сочинети од  околу 94% вода, а кога ќе ги комбинирате овие зеленчуци со полесна храна, вашето тело а и вие ќе се чувствувате одлично!

Кога сме кај храната, пробајте да направите супа со зеленчук која што нема само да направи да останете хидрирани, туку воедно, внесот на минерали и витамини ќе се покаже како позитивен за вашето здравје.


#3 Конзумирајте (ледени) чаеви

Наша препорака би била да користите природни чаеви, наместо чаеви од екстракти кои што најчесто луѓето ги купуваат од маркетите, бидејќи вкусот е далеку подобар, а целокупните здравствени бенефити кои чаевите ги нудат, меѓу останатото, ќе направат да бидете хидрирани.

Едноставно, одберете чај по ваш избор - камилица, зелен чај, чај од шумско овошје, а потоа, истиот можете да го разладите преку додавање на мраз.

Од друга страна, не треба воопшто да избегнувате и топол чај, впрочем, афричките земји, како на пример Мароко, земја во која летните температури лесно надминуваат 45 степени, традиционално луѓето пијат топол чај.

За ваша информација, истражувањата покажуваат дека конзумирањето на топли чаеви за време на летото ќе води кон поинтензивно потење, а самото тоа, значи и губење на топлината. При што температурата на вашето тело би била оптимална.


#4 Избегнувајте масна храна и газирани пијалоци

Брзата храна, скарата и се што разбирате под тешка и мрсна храна би требало да ја избегнувате, особено доколку истата ја конзумирате за време на високите температури.

Оваа храна најчесто се комбинира со газирани пијалоци кои што се полни со шеќери, а ова дефинитивно ќе го дехидрира вашето тело, и истовремено, ќе направи да се чувствувате подуено.

Наместо тоа, потрудете се да ја промените диетата за време на летната сезона, преку внесување на полесна храна, и газираните пијалоци заменете ги со цедени сокови.

Интернетот е полн со рецепти, па затоа, употребете го правилно и искористете дел од плеадата на достапни рецепти кои што би направиле да бидете правилно хидрирани во летото.


#5 Не се изложувајте на сончевите зраци премногу

Освен доколку вашата работна позиција не е теренска, добро би било да не се изложувате премногу на сонце, особено од 12 до 4 часот кога горештините го достигнуваат својот пик.

Наместо тоа, направете добра реорганизација и започнете со вечерни /утрински прошетки или вежбајте од сабајле/навечер, бидејќи сенката за време на летото ќе биде вашиот најдобар пријател!

Во зависност од вашето живеалиште, дали е тоа стан или куќа, ако ви е здодевно, направете кратка промена и излезете на тераса или пак во дворот, но, не задржувајте се премногу бидејќи високите температури и честото преминување од топла во ладна средина е контра продуктивно за вашето тело.

За ваша среќа, сега постојат најразлични методи за разладување, како што се традиционалните клима уреди, но, и други одлични начини со кои би го разладиле домот без воопшто да користите клима.

Тоа можете да го прочитате тука, а потоа, истите совети да ги примените во пракса.


Следете ги гореспоменатите совети додека трае летото, и не заборавајте истите да ги применувате, бидејќи како и секогаш, така и овој пат, Пазар3 излегува во пресрет на своите читатели/корисници нудејќи им одлични начини за да останете хидрирани за време на летните жештини!

Воедно, ве советуваме и охрабруваме да продолжите со следење на нашиот блог, бидејќи тука, ќе имате прилика да прочитате  информации од секаква тематика!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации