Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

top 3 monitors for designers
Топ 3 монитори за дизајнери

Изборот на монитор е од клучна важност за секој корисник, но, професионалците кои што се занимаваат со веб дизајн, графички дизајн, видео едитинг, фотографија, односно се што вклучува работа со боја мора да го направат вистинскиот избор, доколку сакаат нивната продуктивност да се зголеми за неколку нивоа погоре.

Поради тоа, во оваа статија, Пазар3 ќе Ви прикаже 3 одлични монитори кои што се идеални за овие професии, а воедно, и ќе Ви понудиме совети за избирање на вистински монитор за вашата работа!


Типови на монитори

На пазарот, ќе можете да наидете на 3 типа на монитори, но, не секој тип може да Ви биде од помош при работа, особено доколку вашата професија е тесно поврзана со дизајнирање или пак со работа со боја.


TN (Twisted Nematic)

Овие монитори не се воопшто идеални за вашата намена, поради тоа што тие не потпаѓаат во најважните 3 работи - приказот на боите, контрастот, и конзистентноста при презентирањето на графиката кога гледате од другите агли.

Но, позитивната работа за нив е брзината на приказ на слика, нивната цена е најниска во споредба со другите модели, па затоа, често се користат како монитори за обична употреба, а понекогаш и за гејминг бидејќи постојат одредени модели кои што се идеални за оваа употреба.

Во секој случај, доколку некогаш Ви бидат понудени овие монитори, наш совет би бил истите да ги одбегнете, бидејќи тие нема да Ви бидат од помош при дизајн, видео едитинг, обработка на слики и сл.


IPS ( In-plane switching)

IPS мониторите се најдобриот избор за дизајнерите, но и за професионалците кои што се занимаваат со корекција на бои, веб дизајн, графички дизајн и се останато, поради нивната фантастична способност во прикажување и рендерирање на високо квалитетни бои.

Во споредба со гореспоменатите TN монитори, IPS мониторите ќе Ви прикажат конзистентна графичка од било кој агол на гледање, фантастичен контраст и графика.

Поради овие карактеристики, тие се најчесто користени и за гејминг, бидејќи можат да го "извадат" најдоброто од самата игра.


VA (Vertical Alignment)

VA мониторите го носат епитот на "златна средина" во сферата на мониторите, бидејќи нивните карактеристики ги прават да бидат "хибрид" од IPS i ТN моделите.

Имено, овој монитор има брзо време на реакција, аконтрастот е можеби и најдобар,  бидејќи црната боја е навистина црна, додека пак, белата е бела, што не е случајот кај другите модели во кои би можеле да забележите и нијанси на црна или пак сива боја.

Поради тоа, тој е одличен за веб сурфање, полупрофесионална работа со алатки за дизајнирање и видео едитинг, па дури и е чест избор и кај гејмерите.


На што треба да внимавате при купување на монитори за работа со дизајн?

Откако веќе дознавте дека не сите типови на монитори се одлични за вашата намена, она што следува е да дознаете и кои карактеристики треба да ги поседува вашиот монитор за работа со дизајн.


Резолуција

Наместо Full HD (1920 x 1080), Пазар3 Ве советува да се стремите кон купување на 4К монитори кои што можат да понудат дури 4 пати повеќе пиксели, подобар простор за работа, и се разбира, фантастичен приказ на бои кои се клучниот елемент при вашата работа.

Оние кои имаат искуство со користење на 4К монитори, знаат за што зборуваме, а шансите за да некогаш се премислите и се вратите на Full HD монитори се премали, речиси и непостоечки.


Големина

Иако нема дефиниран критериум, сепак, за графички дизајн, веб дизајн или пак видео едитинг, професионалците најчесто одбираат монитор од 27-32 инчи, па некогаш и поголем доколку не сакате да користите 2 монитори.

Генерално, ако одбирате 4К монитор, тогаш најдобрата големина би била 27-43 инчи, а доколку барате Full HD монитор, тогаш немојте да одбирате модел кој што е поголем од 25 инчи, бидејќи тоа лошо ќе се одрази врз квалитетот на графиката.


Флексибилност

При избирање на монитор за графички дизајн, важно е и да одберете модел кој што може да ви понуди подесување на позиционирањето при работа, па затоа, пред да купите, прочитајте дали потпирачот на самиот монитор може да Ви го понуди тоа.

За ваша среќа, огромен број на модели ќе Ви понудат речиси секакви позиционирање, ротирање до 90 степени, промена на висината, и сл, а овие карактеристики ќе се одразат позитивно врз удобноста која што ќе ја чувствувате при работа.


Боја, светлина, контраст

Имајте на ум дека колку што поголем спектар на бои покрива/поддржува вашиот потенцијален монитор, толку тој би бил подобар за Вас при работа, а истото важи и за светлината и контрастот кој што е клучен за квалитетот на сликата.

На пример, доколку мониторот подржува 99% од Adobe RGB/ sRGB спектарот, има светлина од најмалку 300 кандели, статичен контраст од 1000:1, тогаш мониторот би бил навистина добар.


Опции за поврзување со други уреди

За да имате успешно поврзување со вашите лаптопи или пак десктоп компјутери, потребно е да одберете монитор кој што ќе Ви понуди добар избор на опции за поврзување, а тоа подразбира повеќе HDMI приклучоци, DisplayPort 1.2, dual-link DVI приклучоци па и Thunderbolt-in/out приклучоци кои ќе Ви помогнат да се поврзете и со други монитори доколку ВИ е потребно.


Кои се најдобрите 3 монитори за оваа професија според Пазар3?

BenQ PD3200U

За ваша информација,а BenQ е еден од најдобрите производители на монитори на пазарот, а benq pd3200u е само еден од многуте фантастични монитори, кои што се идеални за професионална работа, вклучувајќи и работа со дизајн.

Овој модел може да биде идеален за Вас поради тоа што се работи за IPS, 4K монитор кој што покрива 100% од Rec.709/sRGB спектарот на бои, а она што е интересно е тоа што benq pd3200u може да прикаже дури 1.07 милијарди бои!

Во поглед на големината, овој монитор има 32 инчи, што значи дека ќе ви понуди одлична прегледност при работа, но, и да не го заборавиме контрастот од 1000:1 кој што е клучен за да ви бидат прикажани одлични бои.


ASUS Designo MX38VC

Asus designo mx38vc спаѓа во групата на заоблени, ultra-wide монитори кои што се идеални за мулти-таскинг, но и за професионална работа како што е веб дизајн, графички дизајн, видео едитинг и работа со фотографија, а тоа најмногу се должи на големината од 37.5 инчи.

Кога станува збор за резолуцијата, asus designo mx38vc има резолуција од 3840 x 1600 пиксели, што прави да биде еквивалентен на 4К монитор но само во поглед на хоризонталното прикажување на пикселите, бидејќи во вертикалата, тој има помалку пиксели.

Но, она што најмногу би Ви го привлекло вниманието е тоа што максималната светлина изнесува 300 кандели, контрастот е со сооднос 1000 спрема 1 (1000:1), и се разбира, технологијата е IPS која што ќе Ви гарантира конзистентна слика од секаков агол на гледање!


Eizo FlexScan EV3237

Моделот eizo flexscan ev3237 е еден од најдобрите избори на монитори кој што можете да го направите, поради тоа што тој е одличен за бизнис, гејминг, видео едитинг, и се разбира, за графички дизајн и обработка на фотографии на најдобар можен начин.

Причината е едноставна, бидејќи flexscan ev3237 e 31.5 инчен, 4K монитор кој што комбинира одличен број на можности за поврзување, неколку режими на работа, и можност за поместување на позицијата на екранот на 3 начини.

Во поглед на бојата, EV3237 поддржува 89% од спектарот на бои на AdobeRGB и 100% на sRGB, а тоа го прави да биде бескомпромисен избор за секој професионалец кој што не сака да погледне ништо помалку од перфектна слика!


За крај, се надеваме дека овие информации ви беа корисни, и дека сега имате подобра претстава на што треба да внимавате при избирање на монитори, доколку вашата работа е поврзана со дизајн, видео едитинг или фотографија!

Во секој случај, изборот го оставаме на вас, а Пазар3 секогаш ќе настојува да ви обезбеди веродостојни информации кои би ви помогнале во реализирање на вашите потреби.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации