Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Што е природен капитал и како се проценува

Што е природен капитал и како се проценува?

 

Со цел подобро да ги разбереме поимите како што е природниот капитал, можеме да се потпираме на нашето знаење за тоа што се природни ресурси – односно оние елементи кои природата несебично ни ги дава за да можеме да преживееме на планетата и елементите на кои е засновано цивилизираното општество. Така значењето на зборот природен ресурс и природниот капитал, до одреден степен, е еднаков.

Обработливата почва ни обезбедува храна, суровините потребни за згради и облека исто така се црпат од земјата, дишеме обновен, свеж воздух и пиеме чиста вода. Сите тие поединечни елементи на природата ставени во служба на човекот, наречени сe и - природен капитал.

Природниот капитал се, всушност, природните ресурси претворени во производни единици кои потоа влегуваат во процес на инфраструктурна капитализација. Природниот капитал се набљудува преку количината на обработливо земјиште, пасишта, градини, шуми, заштитено земјиште и полу обновливи ресурси како нафта, природен гас, јаглен и руди - на кои им требаат најмалку 1000 години за обнова.

 

Закони и регулативи кои ги штитат природните ресурси

 

Во последниве години, особено во земјите на Европската унија, донесени се голем број закони во обид да се заштитат сите природни ресурси на земјата, кои ги има се помалку и помалку.

Зачувувањето на природните ресурси е главнa цел на движењата како што е природниот капитализам, екологијата. Зачувувањето на природните ресурси е единствениот начин да се одржи природниот капитал жив.

Во земјите во развој, регулативите и директивите сè уште ги заменуваат законите, а за одржливиот развој не се зборува на ниво како во поразвиените земји.

 

Како да се процени светот на природниот капитал?

Нафта, земја, јаглен, шуми - сите тие се еден вид богатство. Исто како фабриките, куќите, патиштата. Сепак, природниот капитал не е само количината на обработливо земјиште – плацеви, ниви и фарми што некој ги поседува, изнајмува или продава. Исто така, тука се вклучува и производниот капитал, односно машини за земјоделство, како што се трактори, фрези, комбајни, итн., опрема и разни видови инфраструктура (наводнување, електрификација) на имотот, како и таканаречениот нематеријален капитал - збир на знаења и мерки кои сопственикот ги применува на неговата сопственост.

Природните ресурси, односно природниот капитал, се заедничко добро и заедничко богатство.

Без оглед на видот, структурата и индивидуалните количини, тие се основа за економскиот развој на секоја земја. Секако, има дел кои мора да останат надвор од економските текови и кои мора да бидат зачувани за сегашните и идните генерации.

 

Природните ресурси на Земјата вклучуваат две големи групи:

● Суштински природни ресурси на земјата неопходни за опстанок и развој на животот на целата планета, се биолошки системи на земјата, подземна и површинска вода, атмосфера, океани, итн.

● Извори што се користат за развој и унапредување на човековата култура и цивилизација, односно обезбедување на приоритет на човечкото општество. Тие се експлоатираат и се обработуваат во процесите на производство, користејќи материјали со биолошко потекло: дрво, метали и неметали, природни енергетски ресурси итн. Тука се вбројува прозиводниот и нематеријалниот капитал.

 

Што е нематеријалниот капитал и како е поврзан со природниот капитал?

Нематеријалниот капитал кој припаѓа на природниот капитал вклучува „човечки капитал“, т.е. претставува суров, човечки труд, заедно со вкупно знаење и вештини со кои популацијата, односно сопственикот (или сопствениците, на глобално ниво) на достапното земјиште располагаат.

Нематеријалниот капитал го збогатува природниот капитал и нивото на доверба кое општеството, т.е. сопственикот на земјиштето го има во формалните и неформалните институции во земјата.

Во некои истражувања спроведени во светот, се покажа дека основниот природен капитал, односно земјиштето во сопственост на сопственикот прави само 5% од вкупното богатство. Производниот капитал го зголемува на околу 18%, а преостанатите 77% припаѓаат на „нематеријалниот“ капитал.

 

Улогата на социјалните институции и индексот на владеење на правото

Клучни за одржливиот развој и природниот капитал се социјалните институции.

Светската банка воведе индекс на владеење на правото со кој се утврдува степенот до кој луѓето имаат доверба во правилата и нормите во општеството, како и за степенот до кој тие се придржуваат. Индексот за владеење на правото се пресметува користејќи, меѓу другото, и проценки на ефективноста на владата и граѓанските организации.

Степенот на успех на владеењето на правото најдобро се применува кога во државата постои ефикасен правен систем, ефикасна влада, затоа што тогаш е најлесно општеството да го зголемува своето богатство.

Владеењето на правото е важно за нематеријалниот капитал, а нематеријалниот капитал, иако не може да се допира со рака, е единствениот капитал кој има економска вредност.

 

Како се проценува природниот капитал?

Природниот капитал се смета за непроценлив извор на богатство и корисност.

Глобалниот природен капитал е скоро невозможно да се мери финансиски, но може да започнете од увид во продуктивниот и нематеријалниот капитал за кој придонесуваат приватните фирми и бизниси. Дури и тогаш, приливот на пари е исклучително голем и со нив раководат државни институции.

Природниот капитал е незаменлив за функционирањето на човекот!

 

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации