Одлуката да се купи или изнајми куќа или стан, воопшто не е едноставна. Со овој текст би сакале да Ви помогнеме да ги измерите предностите и слабостите на купувањето наспроти изнајмувањето.
1. Поседувањето куќа или стан претставува одлична инвестиција и можност за постојан прилив на пари.
2. Изнајмувањето нуди голема флексибилност. Многу е полесно да се преселите доколку се случи неочекуван настан, имате потреба од селење во друг град и слично.
3. Сопствеништвото на стан или куќа Ви дава чувство на стабилност и сигурност.
4. Цената на киријата варира, а сопствениците не толку ретко знаат и да ја променат цената на средината од Вашиот престој.
5. Имањето на сопствен дом, стан или куќа носи и голема одговорност и трошоци за оддржување.
6. Купувањето на стан или куќа има високи почетни трошоци.
7. Изнајмувањето, на долг рок се смета за лоша инвестиција бидејќи имате постојани месечни трошоци, а никаков извор на приход ниту можност за идна заработка.
8. Постојат можности кои го олеснуваат процесот на купувањето нов дом како субвенционирани станбени кредити и институции кои нудат поволни каматни стапки за купување на стан или куќа.
Интересот за недвижнини е навистина голем! Само на www.pazar3.mk во моментов се продаваат/изнајмуваат неверојатни *82.180 станови, и 15.244 куќи/вили. Од нив, како што би можеле и да претпоставите, дури 71.696 станови и 8.427 куќи/вили се во Скопје. При донесувањето на одлуката за купување или изнајмување мора да се размисли и за локацијата, како значаен фактор кој во голема мера ја определува цената на изнајмување или продавање на куќи или станови.
* Податоци од 26.08.2019
Пораки
Информации за корисникот