Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

elliptical or stationary bicycles


Статичен или Елиптичен велосипед за атлетско тело?


Најчестата дилема со која што се соочува секој оној кој што сака да изгуби калории и да ја подобри својата форма е дали да одбере статичен велосипед или пак елиптичен велосипед, а тоа е сосема нормално, бидејќи овие фитнес справи се идеални и за вежбање во теретана но и во домашни услови.

Во оваа статија, ќе имате прилика да дознаете повеќе околу што точно нудат овие фитнес справи за вежбање, дали исклучиво само со нивното користење можете да го добиете посакуваното фит-тело, и кои се главните разлики помеѓу статичен велеосипед и елиптичен велосипед во поглед на губењето на калории.


Што можете да очекувате од вашиот статичен велосипед?

Генерално, користењето на статичен велосипед се користи за подобрување на издржливоста на вашето тело, и се разбира, за губење на калории бидејќи овој велосипед за вежбање директно ќе влијае на  повеќе мускулни групи, а бенефитите ќе ги почувствува целото ваше тело.

Имено, статичните велосипеди значително ќе придонесат кон подобрување на следниве на следниве работи:


Кардиоваскуларен систем

Ова го опфаќа срцето и крвните садови кои што се клучни за да имате правилна циркулација во телото, па затоа, кога користите статичен велосипед како еден од многуте фитнес справи за вежбање, вие директно ќе влијаете врз намалување на ризиикот од дијабетес, хипертензија, и срцеви заболувања.


Го зајакнува долниот дел од телото и нозете 

Како сопственик на статичен велосипед, вие ќе постигнете неверојатни резултати во поглед на зајакнување на нозете и целокупниот долен дел од телото - абдоменот, листовите, кичмата, колковите, бутовите, што директно ќе влијае врз поставеноста и исправеноста на вашето тело.

Тоа пак, ќе ви ги намали болките во грбот доколку поголем дел од работното време сте во седечка положба, и ќе допринесе кон убаво, тонирано тело со изразени, цврсти мускули.


Ослободување на вишокот на стомакот

Откако ќе започнете со користење на елиптичен велосипед, една од најдобрите работи која што може да ви се случи, доколку имате проблеми со вишокот на стомакот е брзата санација токму во овој дел на вашето тело.

Според проценките на експертите, Вие би можеле да стопите повеќе од 600 калории за еден час користејќи ги овие фитнес справи за вежбање, но, имајте ја на ум и исхраната бидејќи би можеле да трчате со часови, а подоцна да внесете многу повеќе калории за време на појадокот, ручекот или пак вечерата.

На пример, за да изгубите еден килограм, потребно е да вежбате најмалку 1 час користејќи статичен велосипед, а тоа треба да го правите 3 пати во неделата, па затоа, обрнете внимание на овие информации а подоцна организирајте се.


Одлични се за интервални тренинзи

За оние кои што не се запознаени, интервалните тренинзи се тренинзи кои се составени од наизменични вежби кои се изведуваат со висок интензитет и помали периоди на опоравување или продолжување на вежбањето со далеку помал интензитет пред да започнете повторно да вежбате интензивно..

Тоа ги прави да бидат одлични за согорување на килограми, и за зголемување на целокупната издржливост на вашето тело за вежбање, а ова токму ова го нуди користењето на статичен велосипед.


Што е елиптичен велосипед, и по што се разликува од статичниот велосипед за вежбање?

Елиптичиот велосипед е еден од најпознатите видови на велосипеди за вежбање кои за разлика од статичните, нудат далеку поисцрпувачки вежби иако во голема мера се работи за навистина сличен тип кој што се користи за обликување и согорување на калориите на телото.

Овој тип на фитнес справи за вежбање за разлика од статичните велосипеди за вежбање можат да Ви помогнат за еден час да согорите дури 335 калории за половина час, или 670 калории за 1 час доколку вашата просечна килажа е 70 килограми - според истражувањата на Харвард.

Тоа ги прави да бидат одлични за спортисти, постари луѓе, мајки и почетници кои што би сакале да ја подобрат состојбата и издржливоста на телото.


Aктивираат повеќе мускулни групи одеднаш

Користењето на елиптичен велосипед ќе Ви помогне да активирате повеќе мускулни групи, вклучувајќи ги и вашите раце што е одлично доколку сакате да се фокусирате на поголем број на мускулни групи.

На пример, Вие ќе немате никаков проблем да таргетирате одредени мускули на вашата нога - квадрицепсниот мускул, ложата, листовите, стомакот, колковите, па дури и на рацете поради тоа што рачките се движечки.

Сето ова ќе допринесе кон приближен"full-body" workout кој е одличен за да постигнете одлични резултати таргетирајќи ги речиси сите мускулни групи.


Кои се придобивките на двете опции?


Ментално здравје

Трчањето, но и вежбањето користејќи домашни справи за вежбање или пак фитнес справи за вежбање во теретана ќе Ви помогнат да се ослободите од стресот, а тоа значи и зголемено лачење на допамин кое ќе Ве направи мотивирани, среќни и весели.


Подобар имунитет

Со оглед на фактот што вашиот организам ќе се прочистува со самото губење на калории и поради вежбањето, ова позитивно ќе се одрази и врз имунитетот што значи дека би биле далеку поотпорни на болести во споредба со предходно.

Но, бидете спремни и да се откажете од некои работи како што се прекумереното внесување на кофеин, цигари, и направете целосна промена на вашиот животен стил, бидејќи тоа е клучно за да бидете секогаш во топ форма, и за да изгледате прекрасно!


Подобра кондиција

Континуираното вежбање користејќи елиптичен велосипед или пак статичен велосипед како фитнес справи за вежбање, се клучни за да ја зголемите кондицијата, а со тоа и да бидете поиздржливи на потешки вежби кои планирате да ги правите во иднина.


Двете справи се одлични за домашна употреба


Елиптичниот велосипед и статичниот велосипед ќе можете да ги користите како домашни справи за вежбање, наместо да плаќате членарина за користење на фитнес справи за вежбање во теретана.

Тоа се должи на нивната компактност, па така, купувањето можете да го сметате како еднократна инвестиција која значително ќе ја подобри вашата физичка форма.


Кој е вашиот следен избор - елиптичен велосипед или пак статичен велосипед? Во секој случај, се надеваме дека им ставивме крај на дилемите кои ги имавте.

Ако сакате да таргетирате повеќе мускулни групи тогаш елиптичен велосипед би бил идеален за вас, а доколку сакате да вежбате само одредени мускулни групи тогаш статичниот велосипед би се покажал како подобар избор.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации