Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Работни места за пензионери - како да заработите дополнителни пари доколку сте во пензија

Работни места за пензионери - како да заработите дополнителни пари доколку сте во пензија

 

Работните места за пензионери не се толку ретка појава затоа што луѓето по пензионирањето и понатаму можат и сакаат да придонесат во домашниот буџет.

Работни места како продавачи на сладолед, земјоделски работници, работници за приватно обезбедување или одржување на домаќинството се само некои од активностите извршени од пензионери како дел од привремените работни ангажмани.

Работните места со скратено работно време не се резервирани само за младите, исто така истите ги извршуваат голем број на пензионери, со мотив за дополнителна заработка во пензијата. Во текстот подолу дознајте кои работни места за пензионери се најчести и како да заработите дополнителни пари доколку сте во пензија.

 

Продавачи на улица – хонорарна работа за пензионери

 

Продавачите на сладолед, стари примероци на весници и други печатени изданија, книги, како и продавачи на домашни производи и сувенири, се само некои од работите со кои се занимаваат продавачите на улица.

Сепак таквата работа за пензионерите не бара голем физички напор, бидејќи продавачите стојат на едно место. Покрај финансискиот аспект, уличните продавачи имаат изразен општествен аспект, бидејќи во текот на денот комуницираат со голем број на луѓе.

 

Чување на деца и стари лица

 

Работата за пензионери вклучува и обврски како чување на мали деца, домашна помошничка и негувателка. Како помош во куќата, пензионерите можат да бидат од корист за воспитување на малите деца, бидејќи дадилките кои ги извршуваат истите обврски најчето немаат формално образование и работат врз основа на препорака од претходно работно искуство со чување на мали деца, а тука е факторот на помали трошоци бидејќи ангажирањето на лице пензионер е поевтино и тие лица можат да пружат поквалитетни услуги.

Покрај чување на деца, работните места за пензионерите вклучуваат и чување на стари лица , односно работно место негувател/ка, односно помош во домаќинство.

 

Обезбедување

 

Работните места за пензионери може да го вклучуваат и секторот безбедност, односно оние приватни компании кои вклучуваат услуги на надгледување и заштита на објекти. Со оглед на тоа дека не постои ограничување во годините, не ретко во банка, пошта или супер маркет може да сретнете постаро лице или пензионер кој работи на работното место обезбедување.

Таквите работи за пензионери можат да донесат одредена динамика, а оние пензионери кои работеле како полицајци или професионално обезбедување, често пати можат да се вработат како ноќни чувари на згради или на паркинзи.

 

Држење на приватни часови и кетеринг

 

Работата од дома и заработка за пензионерите од дома не можат да се исклучат едно од друго. Пензионерите кои работеле како наставници и професори можат да продолжат да држат часови и периодично да обучуваат ученици за приемни испити или да им помогнат на студентите во совладување на одреден испит.

Работата од дома вклучува и кетеринг, односно работа во кујна и помагање при подготовка на храна. Искусните кувари и куварки кои се во пензија можат да продолжат да ги извршуваат истите услуги, а за возврат да добијат дополнителна заработка во пензијата и да ги зголемат своите месечни примања.

 

Работа за пензионери во земјоделство и градежништво

 

Работа за пензионери може да биде и теренска, сезонска работа и истите бараат поголем физички напор. Берачите на сезонско овошје – слива, малина или јаболка, можат да бидат работа за пензионери и овозможуваат дополнителен принос на приходи. За сите оние кои можат да издржат работа на нива, ова е одлична прилика. Но сепак, напорната работа и физичкиот напор се дополнителна препрека за пензионерите.

Од друга страна пензионерите кои работеле во градежништво, без разлика дали работеле како инженери или градежни работници, после пензионирањето може да работат како консултанти во градилиште или како помош на терен, така што ќе заработат дополнително.

 

Тешката економска ситуација како и ниските месечни примања, се само некои од причините работните места за пензионерите да бидат едни од најбараните категории во нашата земја. Без разлика дали станува збор за сезонска работа, приватни часови, продавачи на улица и слично, работата за пензионерите е чекор на кој се одлучуваат се поголем број на стари лица.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации