Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to renovate your living room for cheap


Пролетно реновирање - 6 начини за освежување на дневната соба со мал влог


Од време на време, пожелно е да правите минимални промени, односно реновирања на вашите дневни соби, бидејќи таа е најважната соба во вашите живеалишта - станови и куќи во која сигурно поминувате поголем дел од времето, а истата го отсликува вашиот вкус и пред гостите.

Доколку во периодов планирате да направите мало освежување на вашата дневна соба, без да инвестирате поголеми суми, ве охрабруваме да ги прочитате нашите 6 совети кои ќе ви помогнат во реализирање на вашата цел!


Променете ја бојата на ѕидовите

Повременото бојадисување на ѕидовите може навистина да допринесе кон тоа дневната соба да изгледа буквално како нова, да биде освежена, но и да зрачи мир, хармонија и комфор.

Цената е далеку поевтина отколку целосно да го преуредите ентериерот купувајќи гарнитури и салонски елементи, маси и столици, врати и прозорци и се останато.

Според нас, најдобро би било да ги одберете следниве бои:


Зелена

Зелената боја и нијансите на оваа боја се одлични за бојадисување на вашата дневна соба, бидејќи таа влијае смирувачки врз вас, вашиот дом и семејство, навидум го "отвораат" просторот, и внесуваат позитива која што е навистина потребна за секој еден од нас.


Нијанси на сива

Се разбира, не зборуваме за дневна соба која што ќе биде бојадисана потполно во темни, сиви бои, туку во посветли нијанси кои сигурно ќе внесат одлична естетска вредност во вашиот дом.

Оваа боја е неутрална, па така, постоечката боја на мебелот не мора да трпи поголеми промени, доколку се одлучите за таков чекор.


Бела

Белата боја е најчесто употребувана боја во секој дом, а тоа е сосема во ред, имајќи го предвид фактот што оваа боја може да изгледа фантастично кога е комбинирана со вашиот мебел, без разлика на бојата.

Од естетска гледна точка, би ви препорачале белата боја да опфаќа околу 90% од површината на собата, а останатите 10% би можеле да бидат комбинации на другите бои кои ќе го разубават просторот уште повеќе!


Крем

Нијансите на крем бојата се одлични за ѕидовите во вашата се секогаш претставителни и за вас и за вашите гости, бидејќи оваа боја зрачи хармонија, префинет вкус, и е компатибилна со сите елементи во собата.


Одберете ново осветлување

Осветлувањето може значително да го подобри амбиентот во вашата дневна соба, но и во целиот дом, а цената не е воопшто скапа колку што претпоставувате.

Понудата на пазарот, вклучително и на Пазар3 е навистина голема, па така, не би имале никаков проблем да одберете осветлување какво што сакате - декоративни лустери, лед панели, лед ленти, и сл.

Предностите за цената која што ја плаќате се многубројни - релаксирачки амбиент, па се до тоа што вашите стилстки елементи во дневната соба ќе бидат прикажани во најдобро "светло".


Прикачете уметнички слики и одберете цвеќиња

Купувањето на уметнички слики и цвеќиња се едни од најдобрите работи кои што можете да ги направите за освежување на вашата дневна соба, без притоа да бидете приморани да трошите цело богатство!

Овие, навидум минимални промени ќе можат да го променат изгледот на собата до степен на непретпознатливост, се разбира, во позитивна смисла на зборот, а ова ќе го забележите во истиот момент.

Зошто? Бидејќи овие додатоци ќе креираат илузија дека дневната соба Ви изгледа модерно, големо и луксузно, па зошто да не си дозволите токму ваков "луксуз" за толку мала цена?

На пример, еден од четирите ѕида може да биде ѕид-галерија, кој што ќе содржи повеќе слики кои се добро распределени на едно место, додека пак, цвеќињата, би можеле да ги ставите во саксии на посебни полици и места за складирање.


Преуредете го мебелот, или одберете нов

Ако во изминатите неколку години, позиционирањето на мебелот ви беше потполно ист, а тоа помалку и почнува да ви смета, тогаш направете нешто ново, и променете го редоследот, бидејќи тоа нема да ве чини ништо, а резултатите би биле видливи во истиот момент.

Покрај ова, опциите ви се навистина неограничени, бидејќи можете да се одлучите за тотална промена на постоечкиот мебел, или пак за купување на одредени елементи кои додатно ќе го разубават ентериерот - електричен камин или пак камин на дрва, минијатурни маси, прекривки, и сл.

За ваша среќа, на Пазар3 ќе можете да наидете на огромен број на огласи во кои продавачите нудат одлично сочуван мебел, па така, без поголеми трошоци би можеле да одберете некои од производите кои отсега ќе го красат вашиот дом!

На интернет, постои мал милион на идеи кои би можеле да ги примените во пракса, а со тоа и самостојно да направите редизајн на ентериерот, без воошто да разговарате со архитекти или пак да купувате скап мебел.


Променете или одберете нови теписи и килими

Добро уредениот патос е несомнено една од најдобрите работи кои значително би го разубавиле изгледот на дневната соба, а за ваша среќа, изборот на теписи и килими е огромен, па така, со помала инвестиција вие би можеле да одберете одлични теписи.

Една од најголемите предности на поставувањето на теписи и килими е тоа што тие се во голема мера евтини, и можат да ги прикријат гребаниците доколку постојат, и да ви ги одложат трошоците за реновација на подолг временски период.

Покрај ова, нивното присуство во дневната соба значително ќе придонесе кон разубавување на изгледот, и ќе ја направи да биде пријатна за секој оној кој што ќе се релаксира.


Размислете за купување на завеси

Завесите, покрај придобивките кои ги добивате за возврат како: заштита од сонце,  и зголемена приватност, тие исто така можат да го подобрат естетскиот изглед на дневната соба, и да дејствуваат нешто слично како и килимите.

На пример, ако сакате да покриете одреден дел од ѕидовите кој што не изгледа убаво во моментот, или пак, да ја одложите промената на прозорците, тогаш завесите можат навистина да ви помогнат во ова.

Голем дел од нив не се многу скапи, а понудата е голема, па така, сигурно би можеле да одберете завеси кои соодејствуваат со висината на вашиот буџет!


Преуредувањето на вашата дневна соба не мора да биде процес кој што ќе бара од вас да вложите големи суми на пари, бидејќи тоа не секогаш може да ви ги донесе посакуваните резултати.

Во секој сучај, опциите за пролетно освежување на вашата дневна соба се многубројни, но, сепак, ние се одлучивме да ви прикажеме 6 одлични начини за кој што сметаме дека ќе ви бидат од помош!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации