Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to prepare your soil for planting


Пролетна подготовка на почвата за садење - Совети


Како што наближува пролетта, така се отвора и сезоната за подготовка на почвата од страна на земјоделците и градинарите, бидејќи таа е основен предуслов за да се добијат плодови со висок квалитет, без разлика за која земјоделска или градинарска култура станува збор.

Поради тоа, во оваа статија, Пазар3 ќе ви понуди одлични совети на сите они кои се занимаваат со земјоделство или со градинарство, со цел правилно да ја подготвите почвата за садење во пролет, а со тоа и да го зголемите профитот кој што ќе ви го овозможат вашите плацеви и ниви.


Кои се 5те критериуми кои што треба да ги исполнува вашата почва за садење?

Најпрво, да направиме осврт на главните 5 карактеристики кои што вашата почва за садење садници мора да ги исполнува, за да потоа имате појасна слика околу започнувањето со подготовката на самата почва за садење садници.


Површинска и предсеидбена обработка

Површинската и предсеидбената обработка на почвата на пролет е една од најклучните работи кои што треба да ги имате предвид, бидејќи обработката на почвата ја дефинира пропустливоста на почвата. Длабочината на површинската обработка зависи од видот на културата која планирате да ја засадите. Исто така, многу се важни и временските услови во кои ќе биде извршена површинската обработка на почвата на пролет. Доколку станува збор за влажен период, потребно е да се почека и да се намали влажноста на почвата, бидејќи во спротивно прераната обработка ќе доведе до уништување на физичките особини на почвата. 


Елиминација на микроби

Уште пред да започнете со садење, направете проверка и дознајте дали онаа почва за садење која ја планирате е здрава, односно нема никакви штетни микроби, патогени, плевел, и сл, бидејќи во спротивно, она што може да го очекувате е навистина слаб принос.


Чистота

Една од најголемите грешки со кои што се соочуваат градинарите а воедно и земјоделците е тоа што сметаат дека одредена почва е навистина чиста, и покрај тоа што таа се наоѓа во близина на поголеми индустрии, индустриски отпад, или места кои што се навистина загадени.

Ако вашата почва за садење е во вакви краишта, бидете сигурни дека вашата работа би требало да застане тука, бидејќи плодовите би можеле да бидат штетни по вашето здравје но и по здравјето на конзументите.


Влага 

Почвата која што има одлична пропустливост на вода, е добар показател дека се работи за квалитетна почва за садење, бидејќи оваа работа е неопходна за да почвата ги има потребните хранливи материи кои ќе бидат клучни за квалитетот на плодовите.

Сепак, доколку постои вишок влага во почвата, таа може да формира и мувла која ќе се одрази негативно врз квалитетот и развојот на она што сте го посадиле. Но, овој проблем ќе можете да го решите со комплетен прекин на наводнувањето.


Плодност

Плодноста, како што веќе знаете, е тесно поврзана со способноста за пропустливост на вода на почвата, па затоа, доколку сакате да започнете со подготовка и садење, тогаш овој критериум е можеби и најважниот.


Какви типови на подготовка на почва за садење постојат?

Генерално, постојат 3 начини на кои што би можеле да направите одлична подготовка на почвата уште пред да запопчнете со садење, но, иако нема "најдобар" начин, сепак, нивното комбинирање со сигурност ќе ви понуди одлични резултати.


Употреба на минерални и органски ѓубрива

Како што веќе и знаете, микроорганизмите ја играат најглавната улога за плодноста на почвата, а нивното постоење директно влијае врз многубројни процеси како што е расложувањето на фосфатите, формирањето на хумусот, па се до органското распаѓање.


Препорачливо е агрономите уште пред сеидбата да ги користат бенефитите кои ги нудат познатите препарати како што се Оксизин, Бајкал-1 или пак ЕМ, но, и пестициди со цел подобрување на отпорноста на почвата од штетници кои значително можат да ја намалат плодноста.

На пример, ако сакате да засадите зрнести растенија како грашок, боранија, леќа, грав, или житни култури, најдобро би било да одбирате ѓубрива кои што се богати со калциум, натриум, магнезиум односно "сидерати".


Механизација

Употребата на земјоделска механизација е исто така важен дел во подготовката, но и во процесот на обработка на почвата, а предностите се навистина огромни во споредба со рачната обработка.

Имено, механизацијата ќе ви помогне да изработите многу повеќе за еден час отколку ако тоа го сторите рачно, па  затоа, инвестирањето во трактори, мотокултиватори, и приклучни машини не може никогаш да се покаже како лоша идеја.


Дезинфекција

Во подготовката на вашата почва за садење за време на пролетта е важно да направите и дезинфекција, поради тоа што вашите расади би можеле да имаат потенцијални инсекти или габични заболувања за кои што не сте свесни дека постојат, а тоа директно да доведе до бројни оштетувања со кои што ќе се соочите во наредниот период.

Иако постојат најразлични методи преку кои ќе можете да спроведете дезинфекција, сепак не постои некое златно правило, бидејќи различни градинари/земјоделци користат начини кои што им се омилени. На пример, некои употребуваат полесни методи, додека некои целат кон поагресивни методи при припрема на својата почва за садење.


Кои чекори да ги презмете при процесот на подготовка на почва за садење во пролет?

Откако направивте целосна анализа на досегашните информации, следно е да започнете со преземање на вистинските чекори кои директно ќе влијаат врз квалитетот на подготовката на почвата на која што сакате да садите.

Најпрво, започнете со длабоко копање, идеално би било до 15.24 - 20.32 сантиметри, бидејќи мноштвото на  градинарски и земјоделски култури имаат потреба токму од оваа длабочина.

Потоа, нанесете ѓубриво кое ќе го поткрене нивото на плодност на почвата од една страна, додека пак, од друга, тоа ќе Ви обезбеди одличен принос во иднина.

Следниот чекор е да ја регулирате pH вредноста на почвата со предходна анализа на алкалноста и киселоста на истата, бидејќи не сите градинарски или земјоделски култури можат да пораснат како што треба на ист тип на почва.

На пример, кога станува збор за зеленучкот, на компирот му се потребни почви со помала pH вредност, односно почви со киселост од 5.2 - 6.0.

Откако ќе го сторите тоа, потоа вашето орање може да започне, а изборот на земјоделска механизација го ставаме на Вас, а на крај, не заборавајте да се ги искористите предностите кои што ги нуди мулчирањето.


Се надеваме дека овие совети ви беа корисни, и дека голем дел од нив ќе ги примените во пракса, особено доколку сте заинтересирани за подготовка на почва за садење за време на пролетта.

Во секој случај, грижата и негата кон почвата е долг и макотрпен процес кој што на крајот речиси секогаш се исплати, па затоа, стремете се кон одбирање на висококвалитетни ѓубрива, и пестицити кои би ги заштедиле вашите посеви од болести и штетници.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации