Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Потребна опрема за возење велосипед на пролет
Потребна опрема за возење велосипед на пролет

Со доаѓањето на пролетта и потоплото време сите имаме потреба да поминуваме повеќе време надвор и да ги искористиме предностите кои ги нуди сончевото време. Некои се одлучуваат за долги прошетки во парк, додека други би го искористиле времето за спортување. Еден од начините на кои можете најубаво да го искористите пролетното време е возењето на велосипеди. Возењето велосипед е навистина забавна активност што може да ја практикувате посебно во пролет. Потребен ви е добар велосипед, но и соодветна опрема за да можете да уживате во возењето. Тоа е добро и за вашите деца, кои ќе имаат корист од вежбањето и здравите навики што  ќе им ги пренесете.

Но, за сето ова ќе ви биде потребна соодветна опрема како би биле сигурни дека ќе ви биде удобно возењето на велосипед. Тука зборуваме не само за онаа опрема која е неопходна, туку и за соодветна облека. Подолу ќе се обидеме да виобјасниме за каква опрема се работи и што би било најдобро да одберете.

Потребна опрема за возење велосипед на пролет





Кацига

Една од основните работи што би требало да ги имате во предвид доколку возите велосипед е изборот на соодветна кацига за заштита на главата. Повредите при возењето на велосипед не се невообичаени, така што добро би било да инвестирате во квалитетна кацига која ќе ви обезбеди заштита од повреди на главата.


Потребна опрема за возење велосипед на пролет






Ракавици отпорни на ветар

Добро би било во списокот на опрема да ги додадете и соодветните ракавици кои ќе ви овозможат и заштита на вашите раце и прсти додека возите велосипед. Кога е многу топло можете да користите ракавици без прсти, но кога времето е посвежо користете целосни ракавици како би ги заштитиле прстите и зглобовите на рацете од ветрот.

Елек

Пролетен елек кој лесно може да се преклопи и да се складира, кога времето брзо се менува од ладно во топло (карактеристично за пролетната сезона) е неопходна опрема која треба да ја поседувате.


Потребна опрема за возење велосипед на пролет
Шал

Шал во форма на стегач е одлично решение за заштита од пролетните утрински студови. Ваквите шалови се изработени од специјален материјал кој не пропушта ветар и ладен воздух. Може дополнително да се искористи и за покривање на устата, носот и ушите.  


Потребна опрема за возење велосипед на пролет











Панталони

Велосипедските пантолони се нешто задолжително за секој велосипедист бидејќи тие се направени специјално за возење на велосипед со тоа што на задниот дел има додаток од перниче кое може да биде од сунѓер или гел за заштита на задникот и колковите од притисокот на седиштето. Истите се направени од специјален материјал што нема да дозволи потење, а дополнително, велосипедските панталони се растегливи за максимална удобност при возење.


Потребна опрема за возење велосипед на пролет











Маица

Маичките за велосипедисти обично се изработени од мека ткаенина која е мошне удобна на телото. Ваквите маички обично имаат патент на предната страна, и најмалку еден џеб за телефонот. Добрите велосипедски маици имаат рефлектирачка лента како би можеле да бидете забележливи на патот.

Јакна за дожд

Велосипедската јакна е дизајнирана да ве одржува топли и суви при пролетниот дожд и ветер. Може да има и качулка или капа што може да се прилагоди за да одговара со кацигата, па затоа е важно да купите велосипедска јакна што вклучува и кацига. Велосипедските јакни се направени од мрежест материјал што дише и обично се во светли бои. Кабаниците за велосипедисти имаат облик на пончо и имаат качулка што може да се затегне. Тие се направени од ПВЦ.

Заштитници

Тука зборуваме за заштитници за рацете и нозете кои се во форма на ракави за рацете и хеланки за нозете. Ваквите заштитници овозможуваат компресија на мускулниот дел од екстремитетите, додека за зглобовите се користат заштитници кои ги штитат зглобовите на рацете и нозете бидејќи при возењето со велосипед тие се најоптеретени, сето ова е многу битно за подобро и полесно движење и управување со велосипедот.

Ова се некои од основните работи што би требало да ги имате во предвид доколку се одлучите да возите велосипед, без разлика дали рекреативно или професионално. Ова се работите што советуваме секој велосипедист да ги поседува затоа што на тој начин ќе се заштити себеси и ќе си овозможи поубаво велосипедско искуство.



Доколку сте во потрага по нов или половен но сочуван велосипед Ви препорачуваме да ги погледнете овие огласи со клик тука polovni velosipedi. Доколку пак Ви се потребни drzaci za velosipedi za kola исто така можете да погледнете на Пазар3.мк. Патувате со велосипед често и сакате да го понесете и Вашето дете со Вас? - Купете си detsko sediste za velosiped. Сакате да вежбате во Вашиот дом? - Погледнете ги огласите за продажба на staticen velosiped и elipticen velosiped.
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации