Во последниве години сме соочени со загадување на воздухот во скоро сите делови од земјината топка па и кај нас. Особено во зимскиот период загаденоста на воздухот во Македонија достигнува концентрација на високи нивоа на ПМ честитчки кои се навистина штетни за здравјето на сите нас. Важно е да се знае дека токму тие ПМ честички при вдишување навлегуваат во крвотокот преку белите дробови и штетно влијаат на здравјето на сите, посебно на децата, лицата со намален имунитет, лицата со хронични срцеви и белодробни заболувања, како и кај постарите лица. Загадениот воздух и ПМ честичките исто така влијаат и на лицата со алергии кои можат да предизвикаат штетни последици по здравјето па дури и астма.
Дишењето на загаден воздух ја наметна потребата да се најде начин како истиот да се прочистува, посебно кога се работи за домови и простории во кои постојано седиме, работиме или престојуваме, па затоа прочистувачите на воздух станаа многу популарни и најбарани во последно време. Со зголемување на популарноста на прочистувачите на воздух, се зголеми и нивниот избор на пазарот, па така, многу познати брендови на прочистувачи можат да се најдат веќе и кај нас.
Прочистувач на воздух е уред, истиот може да биде во различни големини и форми, кој го прочистува воздухот така што ги отстранува штетните честички од него, кои пак честички предизвикуваат здравствени последици кај лугето, посебно кај оние што страдаат од алергии и астма, но исто така може да ги отстрани и непријатните мириси. Сето ова зависи од моделот, карактеристиките и брендот на прочистувачот на воздух. За да може да ја врши основната функција, а тоа е прочистување на воздухот, овој уред користи специјални филтри.
Придобивките од користењето на овие уреди се докажано големи, бидејќи со прочистување на воздухот во просторијата каде што сте, не само што се отстрануваат штетните честички на прашината, чад и полен, туку и одредени вируси кои кружат во воздухот. Со тоа обезбедуваме поздрава околина во која престојуваме и намалени ризици од белодробни заболувања, како астма, алергии и сл.
Тука треба да се напомене дека секој procistuvac na vozduh има наведена површина која ја покрива при прочистување на воздухот, затоа треба внимателно да одберете прочистувач кој би бил соодветен за просторијата во која сте, како би си обезбедиле максимална искористеност на уредот, а со тоа и да сте сигурни дека прочистувачот ја извршува функцијата за која е купен. Исто така, за да бидете сигурни дека ќе го одберете соодветниот прочистувач секогаш имајте го во предвид типот на загадувач што сакате да го отстраните од вашата просторија.
Доколку сте во некоја од категориите на лица, за кои загадениот воздух е штетен по здравјето, тогаш би требало да размислите во насока на купување на прочистувач на воздух. Поголемиот дел на прочистувачи користат така нарачени HEPA филтри кои докажано ефикасно ги отстрануваат штетните честички од воздухот кои предизвикуваат здравствени проблеми кај поголемиот дел од граѓаните.
Откако ги утврдивме придобивките на прочистувачите на воздух, со сигурност можеме да кажеме дека заради функцијата која ја извршуваат скоро и да нема некои негативности околу нив, освен што некои модели знаат да бидат доста бучни, а исто така одредени модели на прочистувачи се можеби и прескапи за повеќето од нас.
Околу изборот на прочистувачи на воздух ќе кажеме дека е доста голем, поголем дел од светските брендови присутни на пазарот можат да се најдат и кај нас. Подолу ќе наведеме наш избор од некои модели на прочистувачи на воздух. Во однос на цените, може да се најдат прочистувачи на воздух од 6.000 денари па се до 60.000 денари, во зависност од брендот, карактеристиките и намената. Исто така друга добра работа е тоа што има избор и на филтри за прочистувачи, кои би требало редовно да се менуваат со тек на време.
Димензиите на овој прочистувач се 17.8x24x51.2cm, со моќност од 66W CADR чад: 0.3um 200m³/h, со ниво на бучава <62dB. Дава најдобри резултати за соби од 14-24м2, има индикатор за промена на филтерот и 3 брзини и режим на мирување. Користи H13 HEPA филтер и предфилтер.
Прочистувач на воздух со тежина од приближно 4,8 кг и димeнзии 240 X 240 X 520 мм , ефективна област од 26 ~ 45М2, CADR честички, 380 М³ / ч, CADR формалдехид 60 М³ / ч, прочистување на честички од 0,3ΜM 99,97%, со максимална моќност на звукот од 33 ~ 64 DB. Овој прочистувач има препорачана промена на филтер од 6 ~ 12 месеци. Има кабел за напојување со должина од 1,5 м и можност за поврзување со WiFi.
SMART прочистувач на воздух, со вграден WiFi и Bluetooth конекција преку beurer FreshHome апликација. Има трослоен систем на прочистување на воздухот - предфилтер + HEPA13 филтер + филтер активен јаглен го чисти воздухот од ПМ2.5-10 честички полен, прав, животински влакна и разни мириси. ПМ2.5 сензор со покажување на ниво на загаденост. Дополнително чистење на воздухот со UV осветлување, осветлен LCD дисплеј. Погоден за соби до 106м2, CADR 380 m3/h. Има повеќе функции како: тајмер функција, ноќен режим на работа, автоматско исклучување, индiкатор за замена на филтрите, 4 брзини + турбо мод, се карактеризира со ултра тивка работа.
Овозможува 24/7 заштита од вируси и бактерии - HealthProtect ја карактеризира нашата најнапредна технологија за филтрирање. HEPASilent Ultra испорачува 50% повеќе чист воздух, троши 55% помалку енергија и има 10% помал шум отколку традиционалната филтрација HEPA. Дури и кога прочистувачот на воздухот е во режим на мирување, технологијата GermShield проактивно ја следи вашата соба и убива вируси и бактерии на филтрите користејќи низок проток на воздух и полнење со плазма. Нежниот проток на воздух тогаш не обезбедува нов раст на микробите. Дизајниран да ви донесе на вас и на вашето семејство придобивки од чист воздух, без разлика каде сте во собата со SpiralAir.
Уникатната технологија обезбедува повеќе чист воздух на секој агол од просторијата со патентирани излези на воздухот дизајнирани за секаде насочен проток на воздух.
Прочистувач и навлажнувач на воздух, HEPA Х13 филтрација до 99.97% од честичките и 0.3 микрони во големина, Dyson Air Multiplier технологија за циркулација на прочистен и навлажнет воздух низ целата соба, постојана контрола на кавалитетот на воздух, автоматски го прилагодува протокот на воздух и го одржува најпогодното ниво на влажност, ноќен режим, едноставно менување на филтрите.
Се надеваме дека ви помогнавме околу прашањата за тоа што е прочистувач на воздух и каква улога има во нашето секојдневие, дека предностите се далеку поголеми од недостатоците. Кога ќе одбирате каков прочистувач да одберете за вашиот дом, имајте ги во предвид неговите карактеристики, јачината, филтрите што ги користи и површината што ја зафаќа за прочистување, односно колкав простор може да се прочистува. Изборот кај нас е навистина голем и по наше мислење пристапен за сечиј џеб.
Пораки
Информации за корисникот