Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

most frequent car adverts on pazar3.mk


Најчесто огласувани автомобили на Пазар3.мк


Пазар3 е можеби и првото место кое што ви паѓа на ум, особено кога сакате да продадете, купите или пронајдете нови автомобили, или половни автомобили, а тоа е и сосема разбирливо имајќи го предвид фактот што нашиот сајт важи за најголемото огласувачко и купопродажно место во Македонија.

Но, дали знаете кои се всушност најчесто огласуваните автомобили на Пазар3? Кои модели се на врвот на листата на приоритети кај над 70 000 дневни посетители? Останете со нас и проследете ја оваа статија до крајот, за да добиете одговор на ова прашање!


Volkswagen

Volkswagen моделите се несомнено едни од најмногу употребуваните марки на автомобили во Македонија, па затоа, сосема е и очекувано овие модели да бидат едни од најогласуваните возила на Пазар3 со над 15430 огласи.

Тоа го прави овој бренд вистински лидер по број на огласи на Пазар3, а доколку се прашувате кои точно модели се најпопуларни кај посетителите, тогаш одговорот би бил Golf, Passat, Polo, Touran, Tiguan и Touareg.

Причината за популарноста на овој производител се состои во тоа што моделите на овој германски производител се отсликуваат со издржливост, економична потрошувачка на гориво, огромен избор на резервни делови, и најважното - овие возила се познати и по тоа што "држат" цена.

Па така, во случај да купите половен Volkswagen автомобил, цената која што во моментот ја плаќате нема многу да се разликува од онаа која би ја добиле во случај на продажба.


Mercedes - Benz

На второ место на најогласувани автомобили припаѓаат моделите на Mercedes-Benz чија бројка на огласи е околу 8616, а тоа се и сосема очекувано имајќи го предвид големиот асортиман на возила, како и популарност на самиот бренд.

За ваша информација, најпопуларни модели се сериите на Mercedes A, Mercedes B, и Mercedes C класата.

На пример, од Mercedes A класата  најмногу се издвојува mercedes a140, mercedes a180, mercedes a160, додека пак, од B - класата, тоа се mercedes b150, mercedes b170, и mercedes b180.

На крај, најголем број на огласи од Mercedes C класата им припаѓаат на mercedes c220, mercedes c180, и mercedes c200.

Исто така, би сакале да нагласиме дека популарноста за припадниците на сериите A,B,C е голема поради малата потрошувачка која што ја нуди особено A-класата со своите хечбек модели, компактноста и спортскиот изглед кои ја нуди B-класата, и C-класата која што е позната по своите седан автомобили кои се и доста евтини.

Се разбира, постојат и други модели за кои што постои голема понуда и побарувачка од страна на корисниците на услугите на Пазар3, како на пример, автомобилите од ML - класата.


Opel

Opel автомобилите ја надминуваат бројката од околу 8930 огласи на нашиот сајт, а најпопуларните модели се Opel Astra, Opel Corsa, Opel Insignia и Opel Meriva, иако и останатите автомобили често се огласуваат.

Најпрвин, би сакале да ве информираме дека огласите за Оpel Аstra и Оpel Corsa се најмногубројни поради фактот што тие се компактни, нудат одличен комфор, а и имаат доволно моќен мотор за да можете да уживате во кратки и долги патувања.

Како додаток стои и фактот што нивната потрошувачка за гориво е одлична.

Од друга страна, Opel Insignia спаѓа во категоријата на автомобили кои што имаат средна големина, и се идеални за семејства поради поголемиот простор кој што го нудат внатре во кабината, за разлика од гореспоменатите 2 модела.

Покрај ова, Opel Insignia е познато име на пазарот, вклучително и на Пазар3 и по тоа што  нуди одлични предности за цената која што ја плаќате, па така, за возврат би имале топ возило.


BMW

BMW е уште еден германски производител во листата, во која припаѓаат едни од најогласуваните автомобили на Пазар3, и тоа со околу 6557 огласи, а тоа е и сосема очекувано, имајќи ја предвид популарноста на овој бренд.

Како најпопуларни серии на BMW се истакнува BMW 1 серијата од која најмногу се издвојуваат BMW 116, BMW 118, и BMW 120, како и BMW 3 серијата чиј припадници се моделите BMW 320, BMW 318 и BMW 330.

Во оваа серија, BMW 320 има убедливо водство со околу 1796 огласи.

На крај, следува BMW X-серијата со познатите модели како BMW X1 ( кои имаат најмногу огласи), BMW X3, BMW X5, BMW X6 и нешто помалку огласи за BMW X4.


Audi

Кога станува збор за Audi, на Пазар3 во моментов постојат 6535 огласи, а како најмногу огласувани модели се Audi A4, Audi A3 и Audi A6, но, постои и солидна заинтересираност и за моделите на Audi A8, како и на SUV класата како што е Q7.

Она поради кое постои толкава заинтересираност за Audi A3 е тоа што овој модел е мал, луксузен автомобил кој што комбинира неверојатно добри перформанси и квалитетна изработка, а тоа го прави да биде идеален за возачи од секаков тип.

Кога станува збор за Audi A4, овој модел е малку поголем, и затоа спаѓа во групата на луксузни компактни автомобили кои што во 2020 година, освоиле 88 од можни 100 поени во поглед на перформансот, и 5/5 ѕвезди поради безбедноста.

Од друга страна, Audi A6 важи за луксузен автомобил со средна големина (sedan) кој што има одличен дизајн, нуди неверојатен комфор за возење на долги и кратки дестинации, и најважното - Audi A6 е  и доста стабилен автомобил кој што на најдобар начин ги отсликува производствените квалитети на Audi.

Во SUV класта, како што и веќе напоменавме се издвојува најмногу Q7 а причината за ова е луксузниот комфор, прекрасно изработените кабини кои што можат да го задоволат вкусот на поголем број на патници, како и квалитетниот мотор кој што може да помине огромен број на километри.

За жал, бројката на огласи е помала кај овој SUV поради тоа што потрошувачката на гориво е поголема, па не секој може да си го дозволи овој луксуз.


Француски автомобили

Лидер по најмногу огласувани автомобили од француски производител се истакнува Peugeot со вкупно 4450 огласи, a најпопуларните модели се Peugeot 307, со 917 огласи, Peugeot 306,  со 241 огласи и Peugeot 308, со 257 огласи.

Потоа,  веднаш следуваат огласите за Renault чиј број изнесува 4453 огласи. Како најпопуларни модели се издвојуваа Renault Megane со вкупно 1467 огласи, Renault Clio, и Renault Laguna, со 709/470 огласи.

Третото место во листата му припаѓа на брендот Citroën, чија што бројка на огласени автомобили изнесува вкупно 2944, од кои најпопуларни се Berlingo (382 огласи), C3 (539 огласи), C4 (463 огласи) и C5 (246 огласи).


Останати брендови

Од останатите брендови на автомобили, најмногу огласи има за возилата на Fiat чиј број во моментов изнесува 3781 огласи,  а тука се истакнува Fiat Bravo, Seat со 2467 огласи, - Seat Leon и Seat Ibiza, Hyundai - Hyundai Accent, Suzuki - Suzuki Swift.


Како што можете да видите, германските автомобили се со убедливо водство, потоа следат француските коли, и останатите автомобили на другите светски брендови.

За крај, се надеваме дека сега имате подобра претстава за тоа кои автомобили се најогласувани на Пазар3, а доколку сте заинтересирани за купопродажба токму на овие модели, не двоумете се и регистрирајте оглас уште веднаш!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации