Со пристигнувањето на летната сезона, речиси и да нема сопственик на автомобил кој што не го вклучува, или пак, нема да го вклучи клима уредот при возење, особено кога температурите се високи.
Но, дали знаете дека она што често се случува е возачите да не ги користат правилно клима уредите од своите возила, без воопшто да знаат?
Затоа, во оваа статија ќе имате можност подобро да разберете кои работи (не) треба да ги правите, со цел да подобрите перформансот на климата без разлика дали сте сопственик на Audi, BMW, Mercedes, Seat, Opel, Volkswagen, Renault, Peugeot, Ford или пак на некое друго возило!
Сигурно повеќе пати досега сте го правеле ова, во истиот момент штом влезете во автомобилот, а особено оваа практика може да има негативен импакт врз перформансот на климата, но и врз вашето здравје доколку автомобилот го чувате надвор, на отворено, и тоа во услови кога сонцето е најжешко.
Она кое што експертите го препорачуваат е најпрвин да ги отворите прозорците или пак вратата за да се проветри воздухот, а дури по неколку минути, да го вклучите автомобилот заедно со климата почнувајќи од најниско ниво.
Зошто? Бидејќи доколку го вклучите автомобилот и климата до максимум одеднаш, ова на долг рок ќе допринесе кон драстичен пад на перформансот на климата, бидејќи кога автомобилот е веќе жежок, силниот перформанс ќе доведе до приморано рапидно ладење.
Наместо ова, започнете од најниската температура за да се привикнете и вие, и вашето тело на таа температура, а потоа зголемете ја доколку сметате дека е неопходно.
Филтерот на климата има директен удел врз перформансот, а тоа значи дека доколку постојат нечистотии или пак, доколку филтерот веќе не е во можност да ви понуди правилно работење како што очекувате, тогаш клима уредите од вашите автомобили нема да бидат воопшто ефикасни.
За ваша среќа, проверката на филтерот особено во поновите модели е релативно лесно, бидејќи се што треба да направите е да да погледнете дали постои насобрана нечистотија во филтерот, доколку одговорот е потврден, тогаш време е за промена!
Исто така, проверката за состојбата на клима уредот можете да ја процените и преку вклучување на клима уредот, а доколку истиот започне да испушта топол воздух, тогаш проблемот може да биде и само до ниското ниво на фреон.
Во секој случај, доколку не сте сигурни околу тоа дали е потребна промена, тогаш ве советуваме да контактирате докажани авто сервиси, кои ќе го решат проблемот, но и ви ги заменат потребните авто делови.
Препораката од експертите е да правите навремено сервисирање после секои 15,000 - 25,000 експерти, бидејќи на овој начин ќе го одржите квалитетот на сите автомобили, вклучително и на нивните клима уреди.
Она кое што луѓето најчесто го прават откако ќе се паркираат е целосно да го исклучат клима уредот, но и автомобилот, па дури потоа да го напуштат и возилото.
Во пракса, ова може да звучи и како одлична идеја, но, тоа што треба да го направите е всушност сосема друго.
Имено, пред да се паркирате, исклучете ја климата, потоа, оставете ја вентилацијата вклучена неколку минути, а дури потоа, целосно исклучете го автомобилот.
На овој начин ќе спречите формирање на бактерии кои би се формирале околу "испарувачот", и кои подоцна би допринеле кон непријатна миризба, како и ризици по вашето здравје.
Возењето со вклучената клима е сосема разбирливо, особено кога температурите надвор се премногу високи, но, доколку го практикувате ова цело време додека возите, тогаш би ве советувале постепено да се откажувате од оваа практика.
Причината е следна - кога постојано возите со вклучена клима, тоа може да доведе и до зголемување на потрошувачката на гориво, без разлика дали сте корисник на нови автомобили или пак на половни автомобили кои се познати по нивната економичност.
Анализите на владата на Канада покажуваат дека возењето со вклучена клима може да го оптоварат моторот, а тоа да ја зголеми потрошувачката за околу 20%.
Затоа, ве охрабруваме да ја имате оставено климата на автомобилот вклучена до периодот кога температурата во кабината ќе биде идеална за вас, а потоа, исклучете ја бидејќи прозорците секако ќе ви бидат затворено, па така, ќе се задржи и свежината во кабината.
На пример, доколку возите со мали брзини во градски услови, далеку поекономично е да возите со отворени прозорци, додека пак, на отворен пат, поекономично е да возите со вклучена клима која би требало да ја користите најмногу 10 минути во континуитет.
На овој начин, од една страна, вие ќе имате пријатно возење без да ве фрустрира топлината, додека пак, од друга, ќе заштедите и на гориво, што значи дека ситуацијата е win-win!
Сигурно сте го забележале копчето за рециркулација на воздухот, а голем дел од возачите дури и го имаат оставено овој режим вклучен при возење, иако за тоа немате потреба.
За ваша информација, доколку имате и други патници во возилото кои што се позиционирани на задните седишта од вашето возило, тогаш исклучете го овој режим, бидејќи неговата функција е да го извлече воздухот од предниот дел од кабината, потоа да го пренамени, и да го врати назад во задниот дел.
Па, доколку има патници во задниот дел, тогаш температурите би биле далеку повисоки, а возењето нема да биде пријатно.
Во случај да сте сами, вклучете го овој режим без никаков проблем, бидејќи воздухот во кабината ќе циркулира наместо да влегува од надвор.
Како и да е, ова нема да и наштети на климата директно, туку на патниците кои се возат во вашите возила.
Купете прекривач за автомобили и покријте го автомобилот со него, особено ако паркингот ви е на отворен простор или пак, во околината не постои сенка.
На овој начин, темепратурата на вашите автомобили нема да биде висока, а климата би била далеку поефикасна, односно за пократко време би можела да го разлади воздухот во кабината.
За крај, внимавајте да не настојувате температурата во автомобилот да биде премногу ладна, додека надвор е премногу топло, бидејќи последиците кон здравјето можат да бидат и фатални.
Со практикување на гореспоменатите совети, вие нема само да ја одржите ефикасноста на клима уредите од вашите возила на долг рок, туку воедно ќе заштедите на гориво, и ќе го уживате комфорот кое што ќе ви го понуди автомобилот заедно со оптималните температури додека возите за време на летната сезона.
Пораки
Информации за корисникот