Продажбата на бизнис не е лесна задача, особено ако е разработен бизнис чиј квалитет мора да се покаже на голем број на потенцијални клиенти. Неопходно е да се направи план, да се пронајдат потенцијални купувачи и да се подготви квалитетна презентација за бизнисот, што ќе го убеди клиентот дека Вашиот приватен бизнис е одлична шанса за него.
Одговорот на прашањето како да се продаде разработена компанија лежи во вистинските квалитети на бизнисот кој сте го развиле. Како сопственик на компанија која ја водите неколку години или децении, веројатно кон продажбата на истата ќе пристапите на пристрасен начин. Меѓутоа, продажбата на разработен бизнис нема да биде успешна сè додека бизнисот што го продавате не го гледате објективно и критички.
Некои од недостатоците на Вашата компанија може да ги одбијат потенцијални клиенти, додека квалитетите што може ги сметате за најнормален составен дел од кој било бизнис, најверојатно ќе бидат клучни за успешна продажба, секако доколку презентирате на вистински начин.
Затоа, разгледајте објективно зошто го продавате Вашиот бизнис, кои се неговите квалитети и недостатоци. Обидете се да го претставите сето ова во најдобро, но реално светло и веќе сте го направивте првиот чекор во оваа голема задача.
Како да продавате бизнис и компанија без да се занимавате со документација, нејзиниот профил и сите придружни активности што одат заедно со оваа работа?
Самиот оглас за продажба на компании не е доволен за продажба на бизнис. Во продолжение Ви ги презентираме трите најважни чекори што треба да ги следите кога станува збор за отстапување на разработен бизнис.
Подготвување на профилот на компанијата што ја продавате е првиот и најважниот чекор во овој процес. Ако Вашата целна публика вклучува и странски купувачи, добро би било да ја прилагодите на македонски и англиски, или друг странски јазик. Целта на профилот на компанијата е да му покаже на клиентот реални карактеристики за Вашиот бизнис и сите придобивки од неговото купување.
Од друга страна, тука е потребната документација што претставува помалку интересен дел, но без неа не можете, затоа обидете се да приберете сè што Ви е потребно. Важноста на документацијата е значајна, бидејќи клиентот визуелно ги доживува сите придобивки од купување на Вашиот бизнис.
Продажбата на бизнисот започнува со создавање на квалитетен профил на компанијата. Таквиот профил ги вклучува сите информации и детали за компанијата, тековната состојба на компанијата, нејзиниот капацитет, потенцијал и конкуренција. Овие се основни работи што ќе го интересираат секој клиент, затоа погрижете се сите информации да ги имплементирате во квалитетен профил што ќе обезбеди одговори на сите прашања на клиентите.
Продажбата на компанија со квалитетен профил е исто така одраз на професионализам и сериозност, што е дополнителен мотив да поработите на овој сегмент од продажбата. Добро би било ако во рамките на профилот или надвор од него, да ги наведете причините за продажба на Вашиот бизнис. Не е неопходно да се наведат многу детали од лична природа, но доколку не дадете никакво објаснување, бизнисот што го продавате може да изгледа сомнителен.
Документацијата за компанијата што ја продавате треба да вклучува првенствено книговодствени документи, правни акти и сличен материјал што претставуваат доказ за ликвидноста на компанијата, платени долгови и платени даноци.
Не заборавајте квалитетни фотографии од локацијата, самиот објект, односно постоењето на компанијата и процесот на работа. На овој начин потенцијалниот купувач визуелено се приближува до работата во најголема мера.
Пожелна е и графичка адаптација на визуелните материјали, преку видео материјал за бизнисот и сите негови потенцијали. Документацијата треба да содржи точна локација на Вашето онлајн присуство на интернет, што вклучува веб-страница, профили на социјалните мрежи и слично.
После креирање на понудата за продажба на компанијата, следува подготовка на кампањата и контактирање со потенцијални клиенти. Овој процес бара време и трпеливост и сè започнува со прецизно дефинирање на целната група. Тоа значи дека треба да одредите на кого сакате да го продадете бизнисот и кои се карактеристиките на потенцијалните клиенти за кои правите понуда.
Кога во рамките на целната група ќе најдете потенцијален клиент утврдете комуникациски метод и стратегија за преговарање. Под тоа се подразбира поставување на граници за преговори - јасно дефинирање на она што би го прифатиле како понуда и одвојување на она што не е во предвид да се прифати.
Кога комуницирате со потенцијалните купувачи, запомнете дека треба да дадете увид во референците на фирмата (со кого и што се работеше), постигнатите успеси и најдобри проекти, како и препораки на корисниците на услугата/производот што Вашата компанија го произведува. Задоволни корисници/партнери со кои сте соработувале се најдоброто огледало на квалитетот на бизнисот што го продавате, затоа не пропуштајте да ја презентирате и оваа страна на Вашиот бизнис.
Преговорите со клиентите за продажба на Вашиот бизнис обично се одвиваат во рамките на преговарачки состанок. Освен Вас како продавач и другата страна која е купувачот треба да се земат во предвид и адвокати, брокери и слични учесници.
Во рамките на оваа средба, презентирани се финалните понуди за продажба/купување на бизнисот, по што е постигнат договор. Продажбата на бизнисот официјално се реализира со потпишување на договор со клиентот.
Иако ја потенциравме важноста за создавање содржаен профил за компанијата што ја продавате, бидете подготвени за низа дополнителни прашања за бизнисот. Многу често ќе слушнете прашања на кои имате дадено одговор во рамките на презентацијата на Вашата компанија, но професионално е да ги одговорите повторно, разгледајте ги, па бидете подготвени за нови прашања.
Овие се најважните совети за успешна и брза продажба на компанијата. Бизнис идеите не се лесни, затоа многумина се одлучуваат да купат веќе развиен бизнис до кој доаѓаат преку доверлива интернет платформа, како што е Pazar3.mk и потрудете се во овој процес да влезете што е можно поспремно и попрофесионално.
Пораки
Информации за корисникот