Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Како да се иницира социјална интеракција со луѓе со деменција

Како да се иницира социјална интеракција со луѓе со деменција

 

Секојдневно се вклучуваме во социјална интеракција со семејството, пријателите, познаници и луѓе што не ги познаваме. Психолозите заклучуваат дека социјалната интеракција е една од најважните компоненти на животот на секоја личност.

Значи, несомнено е дека социјалната интеракција е исклучително важна и неразделен дел од човековата природа. Деменцијата, од друга страна, е проблем што предизвикува промени во однесувањето на личноста, има лош ефект врз самодовербата и често со себе носи и негативни социјални последици.

За луѓето кои страдаат од деменција, интеракцијата станува предизвик и степенот на нејзината важност останува ист. Затоа е многу важно да се иницира социјална интеракција со луѓе со деменција, а во продолжение еден предлог како можете да го направите тоа.

 

Зошто социјализацијата е важна?

Веќе забележавме колку е важна социјализацијата за секое човечко суштество. Особено е добра за когнитивните вештини и менталното здравје во целина. Неодамнешни истражувања откриваат дека социјално активните луѓе имаат многу помалку проблеми со меморијата за време на стареењето.

Социјалната интеракција е добра ментална вежба за оние кои страдаат од деменција. Менталната симулација влијае и врз другите здравствени компоненти, како што се висок притисок или олеснување на болката од артритис.

Истражувањата исто така покажаа дека само еден час социјална интеракција неделно може значително да го подобри квалитетот на животот на една личност. Покрај тоа, се верува дека социјализацијата го подобрува движењето на крвта во мозокот и исто така и неговата функција.

 

Изберете го вистинското време и место за да комуницирате со дементна личност

Кога станува збор за помош во социјалната интеракција не само што е добредојдена, туку честопати е потребна. Како и да е, не е секогаш најдобро време да се комуницира со дементна личност. Разговор и придружба треба да бидат планирани соодветно кога се чувствуваат најдобро.

Честа појава за време на Алцхајмеровата и другите деменции е доцната конфузија, тоа е, појава на забуна со зајдисонцето, а потоа и нејзино продолжување во текот на касните вечерни часови. Лицата со деменција кои го имаат овој феномен дефинитивно ќе бидат повеќе порасположени и спопособни да комуницираат во раните часови во текот на денот. Кога станува збор за просторот, комуникација со лицата со деменција треба да се одвива во удобно и мирно опкружување, ослободено од гужва и многу луѓе - ова може да предизвика стрес и фрустрација кај заболената личност.

 

Планирајте однапред

Кога станува збор за социјална интеракција со луѓе со деменција, секоја средба треба да се планира однапред. Пред тоа, треба да се информираме за сегашната состојба на лицето, неговите активности во текот на денот и потоа соодветно да се подготви план за интеракција.

Интеракцијата не мора да биде „обична“ комуникација, но има активности кои можете да ги правите со личност со деменција во текот на времето што го поминувате со неа. Особено препорачуваме: споделување на албуми со фотографии заедно, пешачење, пеење и слични активности.

 

Комуникација со личност со деменција

Кога станува збор за деменција, грижата дома е одлично решение, особено од стручни лица. Професионалците веќе ги знаат правилата како да комуницираат и да стапат во социјална интеракција со личност со деменција, но секој што се грижи за личноста ја посетува и сака да комуницира со неа и иницира социјална интеракција со неа, па треба да знае правила за тоа како да комуницира.

Познавањето на основните правила ќе го олеснат овој процес. Како прво, со лице со деменција треба да се зборува со нормален и мирен тон, избегнувајќи гласни и високи тонови. Разговорот треба да биде бавен и се препорачува да се одржува контакт очи во очи.

Додека комуницирате со човек со деменција, важно е да бидете подготвени за емотивни ерупции и ако има, сепак разговарајте на мирен начин. Ако иницијаторот на комуникацијата и луѓето со деменција не се сами кога разговараат лицето со деменцијата секогаш се довикува со неговото име, за личноста да е свесна дека и се обраќате.

Препорачливо е да комуницирате со зборови и реченици кои често се користат во секојдневна употреба, и секако треба да бидете подготвени да го повторите исказот.

Исто така, во текот на комуникацијата личноста со деменција може да го заборави она што го слушнала или кажала и може да се случи да го повтори истото неколку пати. За време на комуникацијата, треба да изгледа како да сте заинтересирани за она што го зборува.

 

Безбедноста и здравјето треба да бидат приоритет

Социјалната интеракција со дементна личност е неизмерно важна за нејзиното здравје, но подеднакво важна е и нејзината безбедност. Затоа е важно личноста со деменција да носи медицинска нараквица која содржи здравствени информации. Би било добро ако има телефонски број за итни случаи.

За нејзината безбедност, исто така е важно да се осигура дека заболената личност е секогаш облечена во согласност со временските услови. Нејзиното здравје и следење на развојот на деменцијата мора да бидат проверени навремено од страна на лекар.

 

За да помогнете на некој кои има деменција ќе биде многу поефективно ако ги запазите горенаведените совети. Запомнете дека луѓето со деменција имаат проблем со меморијата, но сепак знаат да препознаат внимание, емоции и чувства кај другите.

 

Комуницирајте со нив и покажете внимание и доколку нудите или барате некој што ќе биде дополнителна помош дома, платформата Pazar3.mk е совршена за тоа! Овде ќе најдете или ќе објавите оглас многу брзо, лесно и едноставно. Помош за лице со деменција или слична помош дома сигурно ќе Ви помогне.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации