Сите фамилијарни вработени луѓе, кои имаат обврска одкако ќе се вратат дома после работниот ден да го исчистат домот, да направат ручек, или слични обврски околу домот, знаат колку корисна може да биде куќната помошничка која ќе ги заврши сите домашни работи наместо нив.
Од друга страна се наметнува прашањето, дали куќната помошничка е реална потреба или луксуз, судејќи по тоа дека во минатото куќната помошничка ја имале само богатите престижни фамилии, кои материјално можеле да си дозволат да платат некој да им ги извршува домашните обврски наместо нив.
Уште еден фактор поради кој постојат предрасуди заради ангажирање на куќна помошничка е валкање на угледот на жената, која според традиционалните сфаќање е дека таа е жена и таа мора да постигне се. Сфаќањата се дека секоја жена мора да биде добра домаќинка, па со тоа се очекува од неа да постигнува се – успех на работното место, задоволство во домот, хигиената во куќата, што во 21 век е скоро невозможна мисија.
Поради тоа, во следниот текст ќе ги посочиме предностите за ангажирање на куќна помошничка во домот, што во времето во кое живееме не претставува луксуз, туку реална потреба и големо олеснување.
Домашните работи се прв одговор на прашањето зошто куќна помошничка. Бришење прашина, миење садови, чистење на подот и прозорите е навистина заморно, а исто така одзема и многу време. Овие работи нема да чекаат, а домот мора да се исчисти.
По претпоставка дека преку ден работите, а попладне сте уморни и Ви е напорно за чистење, овие работи ги оставате за во викенд. А кога ќе дојде долго очекуваниот викенд сакате само да се одморите или да го искористите времето за во природа со децата и пријателите, или сами за да погледнете некој филм.
Вака одприлика изгледа една просечна недела на еден вработен човек, па ангажирањето на куќна помошничка се наметнува како реална потреба, а не како луксуз и знак за статус како порано.
Ангажирањето на куќна помошничка не е толку скапо како што изгледа на почеток. Куќната помошничка работи онолку колку што ќе се договорите со неа, па не е неопходно да биде во Вашиот дом секој ден.
Доколку спремањето ручек Ви претставува најголема и најтешка обврска во текот на денот, куќната помошничка може да биде решението за овој „проблем“, доколку со неа се договорите таа да го спрема и ручекот. Секоја жена знае дека понекогаш не е лесно ни да го смисли ручекот, a приготвувањето на истиот прилагодувајќи го на желбите на секој поединечно од фамилијата е навистина тешко.
Затоа советуваме да ангажирате куќна помошничка и со неа да се договорите околку спремањето ручек или вечера, на начин и прилагодено на темпото кое Вам Ви одговара. Одлична работа е тоа што може да се потпрете на куќната помошничка и да направите да биде нејзина задача секогаш полниот фрижидер со омилените намирници, така што не мора да мислите што да купувате секој ден после работа.
Куќната помошничка не мора да се занимава само со одржување на домот и спремањето ручек. Може да ја ангажирате за работа со децата, или да и искомбинирате некои обврски околу децата. Тоа подразбира пречекување на децата од училиште, чување додека стигнат родителите од работа, спремање на ручек пред и после училиште и сл.
Не зборуваме за чување на децата, каде што од помошничката ќе се очекува да ги преслекува децата и да им менува пелени, да ги носи во парк и сл. , но секогаш може да помогнат околу основните работи кои претходно ги наведовме.
Истото важи и за старите и неподвижни лица – ако во куќата имате член што има потреба од спремање на јадење и помош во секојдневието, додека Вие сте на работа, куќната помошничка може навистина многу да помогне.
Секогаш како опција е да ангажирате некој кој е стручен за нега на стари лица, но ако станува збор за куќна помошничка, внимавајте дека таа може да се грижи само за основните работи. Тоа подразбира спремање на оброкот, одење во продавница, пеглање, бришење прашина и сл.
Со оглед на тоа дека постои голема потреба од куќни помошнички, на располагање има и голем број на агенции кои се специјално отворени за тоа и преку нив може да пронајдете вредна и одговорна куќна помошничка. Меѓутоа, најголем е бројот на оние кои куќните помошнички ги наоѓаат преку огласи, кои нудат поголема можност за договор околу работните обврски и цената.
На пример, агенциите ќе Ви понудат пакет услуги за одржување на домот, а кога куќната помошничка ќе ја најдете преку оглас, можете сами со неа да го направите планот околу чистењето/кувањето, цената и другите услови.
На овој начин имате личен контакт со жената која одреден период ќе биде во Вашиот дом, што е исклучително важно за стекнување на доверба, а довербата е важна за понатамошна соработка. Вака направените договори се и по флексибилни, па може да се договорите за чистење, еднаш, три пати или пет пати неделно, во времето кое и на двете страна ќе одговара.
На куќната помошничка и го доверувате Вашиот дом неколку пати неделно, или онолку пати колку што ќе се договорите, па поради тоа разбирливо е дека ќе сакате да најдете личност која квалитетно ќе си ја завршува работата.
Куќната помошничка најдобро е да ја ангажирате со препорака, а доколку немате кој да Ви препорача помошничка тогаш рагледајте ги огласите, оние кои ќе Ви изгледат фрекфентни, релевантни и најгледани. Овој начин воедно е и место каде најлесно ќе ја пронајдете куќната помошничка која ќе Ви одговара.
Важно е таа да е одговорна и доверлива личност, пожелно е да биде со искуство во одржување домови. Би требало да е флексибилна за договор со Вас, да се придржува на веќе договорениот план за соработка и да го почитува времето за доаѓање и заминување од Вашиот дом.
При вработување на куќната помошничка битно е да конкретизирате и да се сложите околу активностите и Вие и таа, исто околу очекувањата, задачите, а притоа да и понудите цена која ќе и одговара, бидејќи со договор најдобро може да се договорите за цена прифатлива за двете страни.
Покажете и ги на куќната помошничка работите кои треба да ги знае. На пример, покажете и каде што стои, што треба да користи при чистење, како преферирате да ги средува алиштата и др.
Куќната помошничка во голема мера го олеснува одржувањето на домот, воедно намалувајќи го и Вашиот секојдневен напор за да ја одржувате куќата чиста и уредна. Размислите за тоа колку време имате и на кој начин е најдобро да го користите, а притоа да се потпрете на некој за заштедување на времето за чистење и одржување на домот.
Пораки
Информации за корисникот