Во ова време од годината, со приближувањето на Новогодишните и Божиќните празници поголемиот дел од нас сигурно веќе размислуваат што би купиле за своите најблиски по повод овие празници. Но, тука се и оние од другата страна, кои размислуваат што би можеле да направат за да имаат поуспешен крај на годината, а со тоа и поуспешна продажба на своите производи кои ги нудат на пазарот, за кои мораме да напоменеме дека изборот е огромен, особено за Новогодишните празници кога секој би посакал нешто да си купи за себе, но и за својот близок, како заедно би го прославиле остатокот од годината.
Продажбата е вештина која е навидум лесна, но не секој ја поседува и умее. За тоа треба пред се искуство и знаење како. Можеби тоа искуство, знаењето, но пред се добриот план и подготовка се предуслов за успешен бизнис. Во ова време од годината и те како се организираат празнични шопинзи со понуди од кои може да боли глава. Но, дали е навистина така или е тоа еден маркетиншки трик на големите компании за да привлечат што повеќе клиенти, а со тоа да им се зголеми продажбата на понудените производи двојно, па и тројно.
Според статистиката докажано е дека продожбата за време на празничните денови значително се зголемува. Тоа е така затоа што трговците имаат веќе разработени теркови или начини за привлекување на клиентите, а со тоа и зголемување на приходот во нивните каси.
Со напредување на технологијата, социјалните мрежи, исто така во голем подем е и интернет купувањето кое за многумина го олеснува начинот на кој функционираме во ова денешно време, тактиките за придобивање клиенти и за зголемување на продажбата на интернет продавниците не се разликуваат многу од останатите. И тука сме сведоци на попусти, акции како што се 2+1 гратис и што ли уште не. Во ова време од годината, пред новогодишните празници, интернет продавниците имаат полни раце работа, зголемувајќи ја својата продажба така што им нудат на граѓаните попусти и бесплатни достави на домашна адреса, во кое многумина гледаме голем плус, за разлика од обичните продавници каде ќе наидеме на огромни гужви и турканици и не секогаш среќни и задоволни клиенти кои не стигнале и не успеале до посакуваниот производ кој баш токму сега е по намалена цена.
Токму сега е совршено време да направите план како да си ја зголемите продажбата, а воедно да имате среќни и задоволни клиенти.
Некои од работите кои со сигурност можете да ги направите за да сте чекор погоре до поуспешен бизнис и зголемена продажба, особено за време на новогодишните празници се некои од следниве работи:
Како прво направете празнична понуда во која ќе понудите дел од вашите производи за кои можеби сметате дека се најбарани, на пониска цена од другите, но внимавајте тоа да биде реално, затоа што сме сведоци на многу такви измами.
Согласно периодот во кој се наоѓаме, за време на новогодишните празници би било убаво да понудите и бесплатно пакување на купените производи и тоа по можност да е новогодишно, дали ќе е целосно или ќе има додатоци кои потсетуваат на празниците што се ближат оставаме на вас и вашата фантазија.
Следно што можете да направите е да промовирате пакети или сетови на прозводи во кои ке има и некаков подарок плус или некој гратис плус од останатите производи. Ваков вид на понуди се можеби најисплталиви и најбарани меѓу луѓето.
Доколку немате интернет продавница би било убаво да ја разгледате можноста за креирање на една таква. Во денешно време интернетот игра важна, ако не и најголема улога во секојдневното живеење па и меѓусебно дружење. Најголем дел од нас, поголемиот дел од денот го поминуваат токму на интернет, па убаво би било да се искористи можноста да се отвори токму ваква продавница која можби би била по посетена за разлика од обична продавница. Токму на нашата страна Пазар3.мк можете да отворите една ваква интернет продавница и тоа бесплатно.
Поголемите и сериозни компании се одлучуваат и за токму ваков вид на промовирање и продажба на своите производи. Креирајќи мобилна апликација во која освен промоција на компанијата и брендот на самата компанија, туку и овозможување на достапност на сите производи кои ги нуди истата на едно место е огромен плус како за маркетинг така и за продажба на тие производи и сето тоа можеме да го правиме ние купувачите од било кое место, на работа, дома или каде и да посакаме.
Доколку се работи за онлајн продавница убаво би било за време на празничните понуди и попусти да понудите и бесплатна достава на купените производи од вашата продавница.
За крај, за што и да се одлучите од погоре дадените предлози од наша страна нема да згрешите, со тоа само ќе си ја зацврстите позицијата на пазарот и со сигурност ќе имате поголема заработувачка особено во овој период од годината, кога сите им се радуваме на новогодишните празници.
Пораки
Информации за корисникот