Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to eliminate odor in your cars


Како да ја елиминирате лошата миризба од Вашиот автомобил?


Речиси и да не постои сопственик на автомобили кој што не сака возилото да му биде чисто, а во кабината, да нема непријатна миризба, но, и покрај огромните напори, сепак, во пракса, ова сценарио може да биде далеку поразлично.

Па, доколку во последно време се наоѓате во ваква ситуација, а притоа, направивте се`, но, сеуште не забележувате никаква позитивна промена, во оваа статија, ќе имате прилика да дознаете што сте пропуштиле и како всушсност можете да ја елиминирате лошата миризба од вашите возила!


Дијагностицирајте од каде доаѓа непријатната миризба

Одлична практика е најпрвин да ја пронајдете локацијата од каде што доаѓа лошата миризба, а дури потоа, да се одлучите за метод со кој што истата би ја отстраниле.

Причината е прилично едноставна, оваа практика ќе ви помогне да избегнете високи трошоци за средства за отстранување на лошата миризба, додека пак, од друга страна, тоа ќе ви заштеди и време.

На пример, една од локациите од каде што може да потекнува непријатната миризба можат да бидат патосниците, навлаките за седишта, или слично.

Во случај, да се пушач и да имате навика почесто да пушите цигара во автомобилот, тогаш веќе однапред знаете дека главниот фактор за непријатната миризба е токму ова.

Наш предлог би бил да избегнувате конзумирање на цигари додека возите, или пак, комплетно да ги откажете бидејќи предностите се многубројни.


Употребете активен јаглен

Откако ќе детектирате од каде доаѓа непријатната миризба, на располагање ви стојат многубројни решенија, а една од нив е секако и употребата на активен јаглен.

Имено, активниот јаглен е одличен, природен апсорбер на токсини и мириси, кој што се користи при филтрација на вода, лекување, но, и на отстранување на лоши мириси, бидејќи активниот јаглен функционира како сунѓер кој што ги зграпчува сите честички кои лебдат во воздухот во кабината на вашите автомобили.

За да постигнете најдобри резултати, ве советуваме да го поставите активниот јаглен на некое место во автомобилот, и истиот да го оставите барем 3-4 дена.

После неколку денови, огромни се шансите непријатната миризба комплетно да исчезне, па затоа, не двоумете се и дајте и шанса на оваа опција!


Исчистете ја внатрешноста на автомобилот со оцет и вода

Доколку првото прашање кое што ви падна на памет е - "колкав треба да биде соодносот на вода и оцет" откако го прочитавте насловот, би сакале да ве информираме дека препорачливо е соодносот да биде 1;1.

Потоа, натопете ја крпата со оваа смеса и избришете ја внатрешноста на автомобилот.

Иако првата помисла ќе ви биде дека оцетот "вечно" би стоел во автомобилот, сепак, тоа не е така, бидејќи оваа смеса ќе го отстрани лошиот мирис за кратко време.

Исто така, во случај да користите исклучиво алкохолен оцет, ве советуваме да внимавате да не ви се истече оцетот по седиштата, бидејќи киселината на оваа течност реагира негативно врз материјали како што е ткаенината.


Отстранете ги дамките и употребете правосмукалка за чистење

Правосмукалките се практични, лесни, и неверојатно ефикасни, па, поради тоа, тие се користат во сечиј дом и семејство поради најразлични причини, а една од нив е и во поглед на чистење на автомобили.

Употребете ја вашата правосмукалка, и направете детално чистење на секој еден дел од кабината, а таму каде што ќе забележите дамки или поголеми нечистотии, посветете поголемо внимание.

Зошто? Бидејќи насобраните честички и прашина со текот на времето се зголемуваат, а тоа директно придонесува кон појава на лоша миризба во самиот автомобил.


Сода бикарбона

Сода бикарбоната е одлично решение за отстранува на непријатната миризба од вашите автомобили, како и за комплетно отстранување на дамките кои најчесто ги имаме на седиштата.

Се што треба да направите е да ја наводените местото од каде што излегува непријатната миризба, потоа, да нанесете сода бикарбона, и да оставите да се исуши.

На крај, после неколку часа, употребете правосмукалка и исчистете го местото. Бидете сигурни дека сода бикарбоната нема да остави ниту еден показател дека претходно на тоа место постоело дамка или имало непријатна миризба.

За ваша информација, огромен број на сопственици на автомобили користат сода бикарбона на ист начин и како активниот јаглен (прочитајте го гореспоменатиот процес), бидејќи бикарбоната во голема мера дејствува и како природен прочистувач на воздухот.


Освежувачи за автомобили

На пазарот, постојат илјадници видови на освежувачи за автомобили кои се достапни во најразлични мириси, а имајќи го предвид што голем дел од возачите истите ги користат, неспорно е зошто овие "решенија" ги споменавме и во нашата статија.

Користењето на освежувачи за автомобили во голема мера може да го "прикрие" потенцијалниот лош мирис кој што би се појавил веднаш откако освежувачите ќе се потрошат, па, за да имате најдобри резултати, најпрвин, ве советуваме убаво да го исчистите возилото користејќи ги гореспоменатите методи.

Исто така, би сакале да ви понудиме и економично, но, и навистина достојна замена за стандардните освежувачи за автомобили.

Имено, за време на летото,  можете да се послужите со дрвена штипка за алишта која треба да ја намокрите со етерично односно миризливо масло по ваш избор, а потоа, да почекате штипката да го впие миризот.

Потоа, прикачете ја дрвената штипка во климата, и вклучете ја истата да работи, а откако ќе го сторите тоа, целиот ваш автомобил ќе мириса преубаво!


Ангажирајте професионалци

Оваа опција е одлична за секој оној кој што смета дека не постои никакво решение кое што може да ја острани непријатната миризба од својот автомобил, па дури е подготвен и да плати поголема сума на пари во споредба со горенаведените решенија.

Хемиското чистење направено од страна на професионалци ќе ви вети речиси 100% отстранување на нечистотиите од секаков карактер заедно со лошата миризба, што несомнено ќе значи дека престојот во вашето возило ќе биде пријатна за вас, но, и за секој сопатник кој што патува со вас.

Покрај ова, дури и најдлабинските и најтврдокорни причинители за непријатен мирис би биле отстранети, доколку, се разбира, сте подготвени да го одврзете ќесето за користење на услугите на професионалците во хемиско чистење.


Се надеваме дека оваа статија ви помогна да дознаете како би можеле да се справите со лошата миризба од автомобилите, но, за ваша среќа, ние не застануваме тука, па затоа, следете не` и во иднина и прочитајте ги најновите статии од нашиот блог!

Па, кој е вашиот избор? Дали некогаш сте користеле некои од горенаведените методи? Кој бил најефикасен?

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации