Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Како да го изберете идеалниот клима уред за вашиот дом?
Како да го изберете идеалниот клима уред за вашиот дом?

Благодарение на развојот на технологијата, клима уредите станаа и стануваат неизбежен дел од секое домаќинство. Без разлика дали се користат за ладење или за греење, сведоци сме дека скоро секое домаќинство ги користи благодетите на ова модерно технолошко ‚‚чудо‘‘.

Во минатото клима уредите се сметаа за големи потрошувачи на електрична енергија, но денес со напредокот на технологијата, покрај подобрените перформанси на истите, сега се и енергетски класифицирани, односно и енергетски поефикасни, па така, кај оние клима уреди класифицирани со повисока енергетска ефикасност, добивате поекономично греење или ладење, а воедно и заштеда на пари и средства за одржување. Исто така, вредно да се напомене е и дека денешните клима уреди се и потивки во својата работа така што воопшто и нема да ги забележувате и нема да ви сметаат кога ќе работат додека вршите некои обврски дома, одмарате или едноставно се опуштате со семејството гледајќи добар филм.

Можностите на денешните клима уреди се несомнено многубројни, од ладење, греење па се до прочистување на воздухот, сето ова зависно од производител до производител и нормално од цената на самиот уред. Кога одбирате клима уред за вашиот дом би требало да ги имате во предвид следниве работи за кои сметаме дека се важни, а ќе ги објасниме подолу, кои пак од друга страна ќе допринесат за посоодветно одбирање на клима уред.

Големина на просторијата и изолација

Големината на просторијата и те како одредува каков клима уред би бил соодветен за вашиот простор. Но да не ја заборавиме и изолацијата на просторијата која е исто така многу важна. А, тоа значи дека доколку има изолација тогаш и греењето и ладењето ќе се подеднакво ефикасни со што би се постигнала посакуваната цел со клима уредот, а тоа е ефикасно греење во зима и ефикасно ладење на лето.

Моќност на клима уредот

Претпоставуваме дека најчестото прашање, што не само вие туку и секој што е во потрага по идеален клима уред за својот дом, е која е идеалната моќност на уредот како максимално би се искористил, а притоа и да е енергетски ефикасен. Моќност на клима уредите и колку треба истата да изнесува е тесно поврзана и со големината на просторијата во која треба да се користи. За полесно да ја одредите моќноста на клима уредот кој ќе ви биде потребен за успешно да си ја врши работата се пресметува на еден лесен и едноставен начин. Убаво е да се знае дека за да одредите која моќност би била соодветна за вашата просторија потребно е големината на просторијата изразена во квадрати да ја поделите со 10. Па така, просторија од 25м2 кога ќе поделиме со 10 добиваме 2,5. Имајте на ум дека на секои 10м2 површина потребна е 1 kW моќност. Оттука за просторија од 25м2 потребна моќност на клима уредот ќе биде некаде околку 2,5kW. Секако ова е за ваша ориентација да имате престава што да барате. Кога ќе одите во соодветната продавница разговарајте со овластено лице кое е добар познавач на клима уредите и кој ќе ве упати соодветно и ќе ви објасни која моќност би била идеална за вашата просторија во која сакате да го користите уредот. Тука исто така игра голема улога и тоа дали ќе се користи само за греење, само за ладење или и за греење и за ладење.

Во однос на моќноста на клима уредите како средни вредности можат да ви послужат и следниве:

  • За простории од 20 – 35 м2 – 2,5 KW моќност 
  • За простории од 35 – 55 м2 – 3,5 KW моќност 
  • За простории од 50 – 70 м2 – 5 KW моќност 
  • За простории од 60 – 90 м2 – 6 KW моќност 

 

Местото на кое ќе се постави клима уредот

Местото на кое сакате да го поставиме клима уредот е исто така многу важно. Посебно треба да внимаваме на оддалеченоста помеѓу внатрешната и надворешната единица. Нивната оддалеченост е многу битна, затоа што колку е помала толку повеќе се зголемува ефикасноста на самиот уред, а исто така во голема мера би се заштедило и на трошоците за монтажа. Натаму, треба да имаме во предвид дека внатршната единица од клима уредот би било добро да е што поблиску до извор на енергија, и да се постави така што нема да дува директно во присутните во просторијата, иако и тоа е нешто што се подесува на самиот клима уред.


Видови на клима уреди

Во однос на клима уредот треба да напоменеме дека денеска на пазарот има многу брендови кои можат да се најдат и кај нас. Кога зборуваме за клима уредите можеме да кажеме дека има неколку видови на клими и тоа:

  • Стандард сплит системи
  • Инвертер сплит системи
  • Мобилна клима
  • Парапетни/конзолни
  • Самостоечки
  • Касетни сплит системи

Сите овие видови на клима уреди имаат означено различна енергетска ефикасност, односно енергетска класа и тоа: А, А+, А++. Исто така секоја има различна моќност на греење и ладење која може да се движи од 2kW do 16kW. 

Како најпродавани клима уреди во Македонија можеме да кажеме дека се инвертер сплит системот на клима уреди. Според карактеристиките на самиот клима уред вреди да издвоиме неколку за кои сметаме дека се на највисоко ниво, како според моќноста, карактеристиките така и според површината за која се наменети уредите.

Gree AMBER NORDIC GWH24YE-S6DBA2A

Овој клима уред го издвоивме затоа што покрај безбројните функции кои ги има, вреди да се спомене дека е означен со највисока енергетска класа, со А++, погоден за простории до 80м2, работната температура на уредот има мошне широк дијапазон на ладење и греење која се движи од -30 степени до 54 степени целзиусови.

Hisense WINGS PRO KB70BT1EG-KB70BT1EW

Овој клима уред покрај HI-NANO генератор е означен со А++ енергетска класа, истиот е погоден за простории до 70м2, а работната температура на ладење и греење се движи од -20 степени до 43 степени цезиусови. За овој уред вреди да се напомене дека филтерот е 4 во 1, односно дека има катехин, сребрени јони, ХЕПА, и активен јаглен.

Инвертер клима уред LG AC18BH.NSK 

Овој LG клима уред исто така се каректеризира со највисока енергетска ефикасност, поседува посебни филтри со антибактериска и антиалергиска заштита, со капацитет на ладење и греење од 5 kW / 5.8 kW. Има и јонизатор и контрола на истиот преку WiFi.

Се надеваме дека ви помогнавме со нашите совети за тоа како најдобро да одберете клима уред за вашиот дом, кои карактеристики да ги имате во предвид при одбирањето на истите. Со нашиот избор за клима уреди се надеваме дека допринесовме за полесно да се одлучите за поставување на клима уред во вашиот дом, иако на пазарот можете да најдете секаков вид на клима уреди кои се погодни за секаков вид простории, но што е најбитно, погодни за сечиј џеб.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации