Честа грешка направена од луѓе кои треба да ангажираат помошничка во домаќинство е тоа што тие ја мешаат оваа професија со занимањето чистење. Основната разлика помеѓу двете работи е дека чистачката има задача само да ја чисти куќата, додека домаќинкатa има многу поширок спектар на должности и одговорности, т.е. го одржува целото домаќинство во соодветна состојба.
Затоа е голема дилемата на сите оние на кои им е потребна професионална домашна помош како да се избере вистинската личност на која лесно можат да и се доверат одржувањето на домот и организацијата на целото домаќинство.
Помошници во домаќинството можат се да најдат преку нивните Агенции за посредување и ангажирање на работници, но персоналот од овој вид може да се најде и преку бројните реклами за домашна помош на нашата платформа.
Во секој случај, кога ќе дојде време треба да го изберете вистинското лице, важно е да објавите одредени услови и критериуми, за да можете да знаете на најдобар можен начин дека таа е вистинската личност која може да работи за Вас.
Затоа е важно да ги интервјуирате потенцијалните кандидати пред ангажманот и да им поставите неколку специфични прашања од кои можете многу да дознаете за личноста и одлучите дали да ја вработите.
Пред да започнете да поставувате технички прашања до вашиот потенцијален помошник во домаќинството и други услови за работа, важно е да се подготвите за самото интервју и да поставите соодветна атмосфера.
Дозволете им на кандидатите кога ќе дојдат на интервју за работа да се чувствуваат пријатно и удобно. Луѓето никогаш не реагираат добро кога се под стрес и им е непријатно. Поради оваа причина, интервјуто за помошник за домаќинство мора да биде исклучително добро прилагодено.
Затоа, направете се од себе да бидете срдечни и позитивни кога се запознавате со потенцијален помошник во домаќинството. На овој начин ќе постигнете одговорите на прашањата да се искрени.
Покрај тоа, бидете јасни на почетокот на интервјуто и проверете дали работникот ја разбира неговата улога и сè што се бара. Помошничката мора да биде запознаена со сите детали во врска со секојдневната рутина на семејството и сите специфики кои можат да влијаат на деталите за нејзината работа.
Разговорот за работа во домаќинство зависи пред сè и од тоа какви се Вашите потреби и што сакате од лицето што ќе Ви помага во домот. Подолу ќе презентираме како изгледа интервјуто за работа во домаќинство, како и некои од основните теми за кои треба да разговарате со потенцијалниот кандидат и прашањата што треба да ги поставите.
Помошничките во домаќинството што ќе ги одберете за интервју за работата ќе се рангираат на прво место засновано на нивните квалификации и минатото искуство во работата. За време на интервјуто изнесете ги клучните барања што ги имате од идната домаќинка и прашајте ја за искрен одговор за тоа дали и колку може да ги исполни барањата.
Ако Ви треба целосна грижа за домаќинството, постои можност луѓето кои само повремено го чистеле Вашиот стан да не можат да прифатат толку многу работа.
Прашања кои се поставуваат на потенцијални помошници во домаќинство на оваа тема се:
Што Ви се допаѓа најмногу во домашните работи?
Зошто решивте да работите ваков вид на работа?
Колку години искуство имате со работата во домаќинство?
Кои беа најдобрите позитивни коментари што ги добивте од предходното домаќинство каде работевте?
Што правите кога добивате конструктивна критика?
Кое е најважното искуство што сте го стекнале во претходната работа?
Што би рекле за Вас другите семејства со кои досега работевте?
Времето и организацијата на времето се исклучително важни, а кога ќе донесете одлука за тоа кој да се вработи како домаќинка е многу важно да се усогласите правилно и да го пронајдете лицето што ќе Ви биде достапно секогаш кога е потребно.
Разговарајте со Вашата потенцијална домаќинка за својот, но и за нејзиниот дневен распоред и проверете дали таа може да одговори на Вашите барања по прашањето за временската организација. Прашања за помошничка во домаќинство што треба да се постават:
Во слободни денови, кога станувате наутро, а кога си легнувате да спиете?
Како сакате да го поминувате слободното време?
Доколку е потребно, дали сте подготвени да работите навечер или за време на викендите?
Без што не можете во текот на денот?
За успешно работење и квалитетна врска работодавач-вработен најважно е да се совпаднат очекувањата, за самата работа, за состојбата на домаќинството и другите придружни детали што можат да имаат големо значење. Ако не знаете што да ја прашате помошничката во домаќинството во овој дел од разговорот, овде се неколку предлози:
● Кога би можеле да започнете?
● Која е платата што ја очекувате за овој вид на работа?
● Што мислите за пробниот период и колку сметате дека треба да трае?
● Какво работно време очекувате?
● Дали има нешто што не сакате да го направите?
На крајот од интервјуто, треба да оставите простор за потенцијалната помошничка во домаќинството, таа да Ви постави неколку прашања и на тој начин дополнително да објасни дали се согласува или не се сгласува со Вашите желби, потреби и очекувања. Иако одлуката првенствено зависи од Вас, кој ќе изберете Вие, неопходно е интервјуираниот да се согласи со сите работни услови и ги изнесе своите коментари, барања и разбирање на самата работа.
Ако барате квалитетни работници и одговорни, вредни и сигурни, можете да ја видите понудата за помошници во домаќинство на Pazar3.mk платформата за огласување. Со сите детали што можете да ги прочитате на нашата страница, имате можност да направите примарна селекција и да одлучите кој ќе го повикате на интервју за работата помош во домаќинство.
Пораки
Информации за корисникот