Кога сме во потрага по нов мобилен телефон секогаш сме засегнати со можеби истото прашање што си го поставуваат многумина, а тоа е: Каков телефон да одберам? Можеби не секогаш, но во повеќето случаи постои дилема за тоа каков телефон да се одбере и за тоа дали треба да внимаваме на карактеристиките на самиот телефон или на брендот.
Сепак, понудата на мобилни телефони на пазарот е огромна, има мноштво телефони со многубројни карактеристики од кои можеме да си одбереме соодветен телефон, односно мобилен телефон што би ни ги задоволил нашите желби, но и нашиот џеб. Секако, доколку внимавате на вашиот буџет, ќе одберете телефон кој има прифатливи карактеристики и кој можеби нема да звучи познато, т.е. нема да е од некои од познатите и најдобро продавани брендови. Тука мораме да се надоврземе со фактот дека во последните години најдобро продаваните брендови, меѓу кои ќе го споменеме Samsung, произведуваат и лансираат мобилни телефони на пазарот со прифатливи цени и карактеристики, настрана од нивните најдобро продавани мобилни телефони како што се:
Мобилните телефони што ги спомнавме погоре се од серијата на Samsung Galaxy S и Samsung Z серијата.
Телефоните за кои пак се смета дека се подостапни во однос на цена се телефоните од серијата на Samsung Galaxy A.
Иако, освен Samsung како бренд, како најпродавани брендови во Македонија и пошироко ќе ги споменеме и Iphone, Xiaomi, Huawei, кој пак поради забраната да користи Google, како и заради промената на софтверот можеби послабо се котира на листите за најдобро продавани брендови, сепак и тој не изостанува ништо подолу од споменатите бредови, за кои со сигурност можеме да кaжеме дека во Македонија важат за најдобро продавани и најбарани брендови.
Во секој случај и независно од брендот на мобилниот телефон кој сакаме да го купиме треба да обрнеме внимание на неколку работи за да бидеме сигурни дека сме го избрале најдобриот мобилен телефон за нас.
Нашиот тим во Пазар3.мк ќе ви помогне околу карактеристиките на кои треба да обрнете внимание кога го одбирате вашиот мобилен телефон.
Првото нешто што би требало да го проверите или пак да прашате е за процесорот на мобилниот телефон. Процесорот е срцето на телефонот, ја одредува брзината со која телефонот ќе работи, брзината на извршување на процесите, како и користењето на видео игрите на високо ниво. Моќноста на процесорот се мери во GHz. Оттука, заклучуваме дека колку поголема моќност на процесорот толку и цената на мобилниот телефон ќе биде поголема.
Друга битна компонента на која треба да се обрати внимание при изборот на мобилен телефон е Рам меморијата, која пак ги чува податоците на апликациите со кои работи телефонот во моментот. Колку поголема рам меморија толку повеќе апликации можат да работат на мобилниот телефон во исто време. Кога рам меморијата на еден телефон е на високо ниво, тоа му овозможува на мобилниот телефон да не забавува во работењето, дури и во најсложените процеси или кога има потреба од работа со повеќе апликации во исто време.
Денеска можеме да најдеме мобилни телефони кои имаа најмалку 4 гигабјати рам меморија, но има и такви со по 6, 8 па дури и 12 гигабајти рам меморија. Иако оптимално, за работа со телефон која ја карактеризираме како нормална, секојдневна ќе ви треба 4 гигабајти рам меморија. Сепак имајте на ум, колку поголема рам меморија толку поскап мобилен телефон.
Внатрешната меморија на еден мобилен телефон не е исто што и рам меморијата, луѓето често пати грешат во врска со ова. Додека рам меморијата ни е битна за работа на телефонот, односно за истовремена работа со повеќе апликации, внатрешната меморија е главната меморија на телефонот. Ако сте од оние луѓе што не инсталираат премногу апликации на мобилниот телефон тогаш телефон со помала внатрешна меморија ќе биде сосема исплатлив и доволен да ви ги задоволи вашите потреби. Но, доколку сте од оние што инсталира повеќе апликации на вашиот телефон ќе мора да побарате телефон со поголема внатрешна меморија која денеска се движи од 16 гигабајти, па се до 32, 64,128, и 256 гигабајти внатрешна меморија. И овде важи правилото колку поголема внатрешна меморија толку поскап телефон.
Освен овие карактеристики што според нас се најбитни при изборот на мобилен телефон има и други кои можеби и не се толку битни, но на кои исто така треба да се обрати внимание. А тоа се:
Процесорот, рам меморијата и внатрешната меморија се три карактеристики кои ги наведовме како најбитни при одбирањето на мобилен телефон, можно е да се разликуваат зависно од брендот, затоа добро информирајте се пред да одлучите каков мобилен телефон сакате да имате. Имајте на ум дека тој што ќе го одберете и купите ќе треба да ве служи неколку години без никакви проблеми. За тоа дали ќе одберете мобилен телефон според бред или повеќе според карактеристиките на истиот оставаме на вас, каков и да одберете не заборавајте на основните карактеристики кои ги наведовме погоре кои се од суштинско значење за беспрекорна работа на мобилниот телефон.
Пораки
Информации за корисникот