Чувањето деца е работа и задоволство, а голем број родители се под такви околности да своето дете мора да го препуштат на бебиситерки. Знаеме дека чувањето деца е многу барана и важна задача, па поради тоа Пазар3 има креирано посебна категорија на веб сајтот чување и грижа за деца. Некои семејства поради недостатокот на време секојдневно имаат потрба од човек кој ќе се грижи за нивните деца, а некои за бебиситерка се одлучуваат само при специјални прилики. Колкав и период да е во прашање, чувањето деца или чувањето бебе несомнено претставува една од најодговорните работи, а родителите таа работа сакаат да му ја препуштат само на доверливи дадилки. Прашањето е како при голема понуда во барањето дадилки, да се пронајде најдобрата и најодговорната дадилка. Истражувавме наместо Вас и дојдовме до совети кои треба да ги примените доколку Вашето дете сакате да го чува најодговорната бебиситерка.
Прво што треба да направите при барање на дадилка е информирање за сите начини како да ја најдете најдобрата. Онлајн огласите за дадилки и огласите од родителите се посебно популарни, посебно на Пазар3, каде многу брзо, едноставно и ефикасно може да пронајдете оглас. Во големиот избор на огласи, сигурно ќе најдете некој оглас за одговорна и добра бебиситерка. Освен тоа, преку препорачувањето од родител на родител, доста родители успеваат да најдат одговорна дадилка за чување деца. Меѓутоа, не секоја дадилка одговара на секоја фамилија и на секое дете не му одговара иста дадилка. Затоа е важно, следниве совети да ги земете во предвид при избор на дадилка.
Кога на оглас или по препорака ќе најдете бебиситерка, треба прво да ја поканите на интервју со цел да ја запознаете, но тоа направете го како интервју за работа, како да барате работник за одговорно работно место – што всушност и тоа го правите.
Идеално е кандидатката да дојде во Вашиот дом на интервју, бидејќи така веднаш ќе ја видите реакцијата на дадилката кога ќе го види Вашето дете, а и првата интеракција помеѓу Вашето дете и дадилката. Во овој случај потенцијалната дадилка може веднаш да ја запознете со Вашиот дом и амбиентот.
Во текот на интервјуто мора да ја распрашате дадилката за нејзините претходни искуства и да и побарате препораки. Дознајте отприлика колку години имало детето што го чувала претходно. Доколку, на пример, барате некој за чување бебиња, подобро изберете некоја што има искуство со бебиња, одколку некоја што има искуство со чување на поголеми деца.
Не е важно само искуството на бебиситерката – дознајте нешто и за нејзините особини. Таа мора да биде одговорна, пријатна, трпелива, да знае да дава љубов, како и да има разбирање кон малите деца. Прашајте ја за тоа „што ако бебето не сака да јаде?“
На интервјуто проверете како дадилката стои со слободно време и договорете се за интензитетот на чување. Прашајте ја дали може да ја викнете и надвор од договорените часови доколку нешто Ви испадне. Идеално, но и невозможно е на бебиситерката да може да се потприте секогаш.
Презентирајте и ги на дадилката очекувањата кои ги имате од неа. Дали сакате времето со детето да го поминува во шетање, или на пример во наоѓање забавни активности надвор од домот? Дали очекувате дадилката да готви или само да храни детето од веќе приготвената храна? Голема е листата на работи и прашања кои треба да и ги поставите на потенцијалната бебиситерка, бидејќи преку одговорот на овие прашања ќе дојдете до заклучокот дали таа бебиситерка е совршената за чување на Вашето бебе/дете.
Доколку детето веќе знае да комуницира и зборува, задолжително прашајте за мислење за дадилката која сте ја интервјуирале. Секако, тоа направете го откакко кандидатката ќе го напушти Вашиот дом, за детето да може потполно да биде искрено со Вас. Не заборавајте дека и останатите фактори се важни и дека детето може да го промени мислењето откако ќе помине некое време со неа, но секако битен е и првиот впечаток.
После интервјуто, проверете ги препораките што ги оставила потенцијалната дадилка. Само вака ќе се уверите во нејзиното искуство, а може да се распрашате и за останати работи во однос на нејзината работа. Сега, кога ги поминавте битните чекори и сметате дека конечно сте ја нашле вистинската дадилка која потполно одговара на Вашите услови и барања, време е да направите договор со неа и да ја запознаете со секојдневните работи, навики, темпото и стилот на живот на семејството. Претставете и ги правилата во врска со детето и Вашиот дом, оставете и важни контакти – Вашиот, од Вашите членови на семејството, како и од доктор, воспитувач или учителката. Договорете се со дадилката за нејзиното време на доаѓање и замолете ја секогаш да доаѓа барем 15тина минути порано од договореното, но и да биде спремна да остане малку подолго од договореното доколку има потреба. Договорете се со неа за најзините обврски и секој ден (посебно на почетокот), одкако ќе го поминат времето заедно прашувајте ја и неа и детето за времето кое го поминуваат заедно и дали му било убаво.
Брзо и едноставно преку огласување на нашиот сајт на Пазар3, сигурно ќе најдете добра бебиситерка, а доколку Вие сте бебиситерка слободно поставете оглас за барање работа исто на нашиот сајт.
Пораки
Информации за корисникот