Како сопственици на мобилни телефони, секој еден од нас ги почувствувал фрустрациите во ситуации каде што нашиот мобилен телефон нема батерија, а токму во тој момент треба да направиме некој важен повик, или пак, да вратиме на e-mail порака.
Поради тоа, Пазар3 се одлучи да Ви понуди 5 извонредни трикови кои ќе ви помогнат да го продолжите животот на батеријата од вашиот мобилен телефон, се со цел да бидете достапни за сите во секој момент!
Една од најчестите грешки кои голем број на сопственици на мобилни телефони ја прават, е тоа што користат неоригинални полначи кои што директно ќе влијаат и врз дополнително оштетување на батеријата, бидејќи причините се многубројни.
На пример, ако се одлучите да користите неоригинални полначи наспроти оригинални, вие ризикувате батеријата да не се полни со фиксна волтажа, туку напротив, таа ќе биде флуктуирачка.
Зошто? Бидејќи универзаните полначи не се направени на начин да можат да понудат конзистентна волтажа за секој мобилен посебно, туку да бидат компатибилни со повеќе модели.
Покрај ова, користењето на универзалните полначи може да направи електричен спој при полнење, и да ве изложи вас, како и вашиот дом и семејство во непријатни ситуации.
Се разбира, тоа не значи дека и оригиналните полначи се 100% сигурни, но, едно е сигурно, тие поминале многубројни тестови и нудат гаранција од страна на производителите за разлика од универзалните полначи чија што примарна цел е да бидат компатибилни со повеќе модели одеднаш.
Oпцијата за брзо полнење (QuickCharge) зема се поголем замав помеѓу брендовите на мобилни телефони - Huawei, Apple, Samsung, Xiaomi, се со цел да им обезбедат на своите потрошувачи кратко време за полнење на мобилните телефони.
Но, покрај позитивните страни како што е драстично намаленото време за полнење, она кое што воопшто производителите не го рекламираат се негативните страни.
Имено, ако се одлучите да користите полначи кои нудат можност за брзо полнење (QuickCharge), имајте на ум дека оваа опција на долг рок ќе ја намали издржливоста на литиум-ионските батерии.
Зошто? Бидејќи големата волтажа со која ќе се полни вашиот мобилен уред, директно ќе влијае, а воедно и ќе ги промени стандардните циклуси на полнење на батеријата од една страна, додека пак од друга, тоа значи дека максималниот лимит на издржливост ќе биде далеку помал.
Втората причина поради која би требало да избегнувате полначи со супер брзо полнење е поради фактот што овој вид на полнење доведува и до прегревање на телефонот.
Како што знаете, иако постојат механизми кои превенираат прегревање, сепак, долготрајното полнење со ваков тип на полначи може и да ги оштети внатрените компоненти на електрониката или во случајов вашите мобилни телефони.
Иако сите сакаме да го имаме најдобриот приказ на најразлични слики, видеа, па дури и да сурфаме на интернет користејќи ги нашите мобилни телефони, сепак, една од најчестите грешки кои што може да доведе кон побрзо трошење на батеријата е и светлината на екранот.
Во зависност од моделот кој што го користите, речиси сите понови смартфони имаат вградена опција која што автоматски ја подесува светлината користејќи однапред предвидени параметри, се со цел таа да биде доволна за да имате одлично корисничко искуство.
Но, голем број на корисници најчесто ја подесуваат светлината до максимумот, а она кое што го добивате за возврат е брзо трошење и послаб животен век на батеријата.
Покрај ова, ве советуваме да го подесите и времето кое што треба да помине за да телефонот ви се заклучи кога не го користите, како и да ја вклучите опцијата за штедење на батеријата.
За ваша информација, сите мобилни телефони користат многубројни апликации и процеси кои работат во позадина, се со цел вашето корисничко искуство да може да биде што е можно подобро.
Поради тоа, дури и кога не го користите мобилниот телефон, тие процеси и позадински апликации работат, а нивното работење ја црпи батеријата и ја прави недоволно издржлива за да можете да ги искористите целиот потенцијал на телефонот, поради најразлични причини.
Се што треба да направите е да идентификувате кои апликации најмногу ја користат батеријата ( постојат најразлични туторијали кои можете да ги погледнете, а истите се достапни и за iOS и за Android телефони), а потоа, имате уште 2 опции.
Првата опција е да одлучите дали привремено ќе ги исклучите апликациите кои што најмногу доведуваат кон празнење на батеријата, додека пак, втората е дали решението за овој проблем е комплетно бришење на тие апликации од системот.
Воедно, би сакале да ве информираме дека вклучената локација и GPS доведуваат кон рапидно трошење на батеријата, па затоа, кога не е потребно, исклучете ги овие 2 опции.
Mодерните мобилни телефони користат литиумски батерии чиј што предности се многубројни, и истите вклучуваат: поголема безбедност, лесна тежина, долг животен век, поголема толерантност кон зголемени температури, константна моќност и тн.
Во споредба со старите мобилни телефони кои беа засновани на постари технологии, денешните батерии можете да започнете да ги полните од 30%, односно не помалку од 20% бидејќи на овој начин, Вие ќе допринесете кон тоа батеријата да биде издржлива на долг рок.
Доколку се прашувате зошто, тогаш одговорот е многу едноставен, еден циклус на батеријата вклучува полнење и празнење од 0-100%, а бидејќи секоја батерија има максимален лимит на циклуси, кога истата ја полните од 30% или 20% до 100 наместо од 0, вие ќе "заштедите" повеќе циклуси.
Исто така, би сакале да ве информираме дека лоша практика е и кога го користите телефонот додека се полни, бидејќи тој се загрева уште повеќе, а процесот на полнење-празнење е штетен, и на долг рок ќе придонесе кон појава на различни хардверски проблеми.
Се надеваме дека информациите кои ги прочитавте ви беа корисни, и дека голем дел од нив ќе почнете да ги воспоставите во пракса се со цел да го извлечете максимумот од батеријата како и од вашите мобилни телефони.
Ве охрабруваме и да ја погледнете богатата понуда на мобилни телефони која што е достапна на Пазар3, како и да го следите нашиот блог во кој што би можеле да пронајдете статии од најразличен карактер!
Пораки
Информации за корисникот