Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

5 Причини зошто да чувате мачки 


5 Причини зошто да чувате мачки


Мачките
отсекогаш имале огромно влијание врз човештвото, впрочем, таа била обожувана уште во древен Египет, како Бастет - божицата на мачките, радоста, танцот и музиката, а многу раси на мачки биле обожувани од многу религии, па така, дури и денес нивното присуство може да се забележи низ храмовите во светот.

Денеска, тие се најчестиот избор на домашни миленици, а нивното чување и грижа има огромни бенефити за човекот, но бидејќи не можеме сите да ги опфатиме во една статија, Пазар3 се одлучи да Ви ги прикаже најдобрите 5 кои ќе ги дознаете уште во овој момент!


Го намалуваат стресот и симптомите на депресија

Депресијата и стресот не се воопшто новитет, всушсност, тие се најчестите причинители на многубројни болести, особено кога станува збор за 21 век чиј животен стил наметнува вакви чувства постојано.

За ваша среќа, сопствениците на мачки ќе можат многу полесно да се изборат со негативната енергија, бидејќи тие се надалеку познати по нивните терапевтски способности кои директно влијаат врз намалување симптомите на стрес, анксиозност и депресија.

Имено, како што ги галите, така тие предат, а оваа вибрација има навистина терапијска моќ која прави човечкиот мозок да го ослободува хормонот на среќата - ендрофин.

Во денешно време, многу експерти и доктори препорачуваат луѓето да бидат сопственици на мачки бидејќи тие нудат одлична поддршка, па дури и се сметаат како "лек за душата", а во сигурно ви е веќе познато доколу предходно сте чувале мачка, или пак знаете луѓе кои биле сопственици на мачки.


Независни се

Поради нивната природа, чувањето на мачки не е некој голем предизвик, поради фактот што тие си ја ценат својата приватност, нема да ве "осудат" доколку ги оставите дома кога ќе треба да одите на работа, и не бараат некоја посебна грижа, без разлика дали живеете во стан или пак во куќа.

Се разбира, постојат одредени видови мачки кои што се поспецифични, и на кои што им треба поголем простор како што е познатата бенгалска мачка, но, генерално, тие се доволно паметни за да се грижат сами за себе, и да бараат минимална љубов и грижа која што е неопходна за секое суштество.

Во секој случај, наш совет би бил да започнете со тренинг уште од првиот ден, особено кога се работи за клучни работи како што е вршење на нужда во песок, како и да внимавате на чистењето на песокот редовно бидејќи мачките се познати по нивната хигиена.

На пример, доколку не го исчистите песокот, мачката ќе најде друго место., додека пак, од друга страна,нередовното чистење на песокот ќе води кон опасност по вашето здравје и кон останатите членови на вашето семејство.


Го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди

Веќе е добро познати дека стресот е еден од главните причинители за појава на холестерол но и на зголемување на нивото на триглицеридите, а пак тие водат кон заболувања на срцето, инфаркти и слично.

Оваа научна студија, која што е направена од Институтот за Здравје на САД говори дека ризиците за кардиоваскуларни болести на оние кои не поседуваат мачки се многу поголеми од оние кои чуваат мачки, а тоа говори многу за бенефитите кои мачките ги нудат за своите сопственици.

Покрај ова, постојат и многубројни студии кои јасно покажуваат дека овие миленици се одлични и за оние кои што се соочуваат со пост оперативни проблеми/трауми, но и за оние кои имаат висок крвен притисок.

За ваша информација, потребни ви се 15 - 30 минути на ден да им посветите на мачките, а за возврат, тоа ќе придонесе кон превенција од горенаведените болести, но и драстичен пад на хормонот кортизол кој што е поврзан со стресот.


Одлични се за дружба

Овие миленичиња се идеални и за повозрасни старосни групи, за деца, за семејства, но и за луѓе кои живеат сами, бидејќи нивното присуство може да не расположи сите, без разлика колку тежок ден и да имаме / сме имале.

Но, она што е уште поинтересно е нивниот прилично долг животен век, кој што во просек изнесува околу 15 години, а тоа значи дека овој период ќе Ви биде една од најсветлите точки во вашиот живот, поради тоа што ќе биде исполнет со многубројни позитивни мемории.

Зошто? Бидејќи иако мачките не се хиперактивни како кучињата, сепак, со нив ќе можете да се забавувате на најразлични начини -  криенка, да ја учите на најразлични трикови, да дувате балончиња од сапуница, а постојат дури и посебни апликации за вашите мобилни телефони кои ќе можете да ги инсталирате.

Со еден збор, можностите Ви се неограничени, а забавата ќе Ви биде загарантирана!


Превенција на алергија

Постојат многу студии кои покажуваат дека чувањето на мачки значи и отпорност на алергии, особено доколку уште во младоста сте биле изложени на присуството на мачките во вашиот дом.

Сепак, тоа не значи дека доколку вашите генетски предиспозиции укажуваат склоност кон алергии, дека вашата мачка комплетно ќе ги неутрализира, сепак, тие навистина можат да ги намалат ризиците.

Изразено во проценти, научните студии говорат дека бебињата кои растат со мачки/кучиња имаат намалени ризици за алергии до неверојатни 77% во споредба со оние кои живеат во семејства кои што не се сопственици на мачки.

Звучи интересно?


Кои се најпознатите раси на мачки?


Имајќи го предвид фактот што постојат различни видови мачки, тоа понекогаш може да биде проблем за идниот сопственик кој што отприлика знае што сака, но не знае дали карактеристиките на избраните раси на мачки соодејствуваат со живeалиштето и со условите кое истото ги нуди.

Затоа, се решивме да Ви ги прикажеме 3те најпознати видови на мачки кои што можете да ги одберете за вашиот дом:


Персиска мачка

Персиската мачка е една од најомилените раси на мачки за семејствата, а нејзините корени датираат уште од древна Персија, што ја прави да биде една од најстарите, расни мачки кои биле првиот избор за домашни миленици на најпознатите владетели во историјата.


Карактерни особини - доколку сакате мачка која што обожува да се гали, функционира предобро со останатите миленици во вашиот дом, и не им треба долг период пред да се прилагодат кон окружувањето, тогаш вие сигурно сте во потрага по персиска мачка.

Поради нивниот карактер, тие се подобни за да ги чувате во вашите станови или куќи без никаков проблем.

Изглед - изгледот на персиската мачка е навистина карактеристичен и уникатен сам по себе, почнувајќи од нивната заоблена глава, впечатливите испакнати очи чија боја е генерално онаква какво што е крзното, а кога зборуваме за крзното, тоа навистина изгледа величенствено.

За ваша информација, крзното може да биде црно, бело, црвено, сиво, кафено, плаво, но, она што ги прави да изгледаат прекрасно е влакното кое што може да нарасне до неверојатни 15цм.


Сијамска мачка

Сијамската мачка заедно со персиската мачка се двете најстари и најпознати расни видови на мачки, а она што ја прави сијамската мачка поразлична од персијската, е тоа што оваа потекнува од Сијам - Тајланд.

Карактеристики - генерално, секоја сијамска мачка има изразито акцентирани сини очи, нивната глава има клинеста форма со исправени уши, додека пак, крзното варира помеѓу бела, крем, кафенаста боја и нема подвлакно што е многу карактеристично за овие раси на мачки.

Кога станува збор за шарата, таа постојано се менува како што расте вашата сијамска мачка, и затоа не бидете изненадени, бидејќи својот пик таа ќе го достигне во третата година во животот. Тогаш, шарата останува засекогаш.

Темперамент - да чувате сијамска мачка може да биде и навистина голем предизвик, бидејќи тие се неверојатно интелигентни, разиграни, и фаворизираат да бидат галени од своите сопственици.

Впрочем, тие можат да се галат повеќе часови без никаков проблем и едноставно сакаат да бидат неизоставен дел од животот на сопственик, па така, доколку имате доволно време да им посветите, тогаш тие би биле топ избор за вас.


Бенгалска мачка

Кога ќе здогледате бенгалска мачка за прв пат, вие сигурно би помислиле дека станува збор за дива мачка, а доколку е тоа така, па не сте многу далеку од вистината.

Оваа раса е добиена преку спојување на азијската леопард мачка со обична домашна мачка, и поради тоа, нема типичен изглед на стандардна мачка.

Карактеристики: овој тип на мачки е познат по тоа што не се плашат воопшто од вода, туку напротив, тие немаат никакви проблеми за да се бањаат сами во вода, и по тоа што не испуштаат типично мјаучење како мачка. Впрочем, тие многу ретко и мјаучат.

Освен ова, тие се отпорни на мачкина леукемија а тоа е една од целите на многубројни светски научници кои сакаат да откријат зошто е тоа така.

Изглед:  бенгалските мачки имаат кафено, сребрено, или бело крзно кое што може да има розети, но и да нема, очите им се крупни и тркалезни и имаат остро-изразено лице.

Совет: имајте на ум дека овие мачки обожуваат да се искачуваат по дрва и имаат потреба од поголем простор поради нивната хиперактивност, а тоа ги прави да бидат идеални за сопственици на големи дворови.


Без разлика која ќе биде вашата конечна одлука при избирање на мачки, едно е сигурно - тие се фантастични миленици кои се супер избор за секаков тип на луѓе - самци, семејства со деца, или пак постари особи на кои што им е потребна поддршката од овие домашни миленици!

Се надеваме дека овие информации Ви беа од корист, и дека оваа статија Ви ги разреши дилемите кои што ги имавте при избириње на домашни миленици!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации