Издавањето на стан, или некоја друга недвижност претставува еден сериозен но и комплексен процес, како за сопственикот на станот така и за оној кој бара да изнајми одредена недвижност. Постојат одредени работи кои сопственикот треба да ги среди пред да се одлучи да издава, но исто така постојат и одредени прашања кои треба да ги постави кираџијата пред да склучи договор за изнајмување. Особено кога станува збор за изнајмување на стан на подолг период, потребно е внимателно да се погледне станот но и условите кои ги има поставено сопственикот на истиот.
Секој сопственик си има свои правила според кои се одлучува да го издаде станот. За да не дојде до недоразбирање, потребно е сопственикот да ги објасни сите правила на потенцијалниот станар.
За да ви помогнеме при комплексниот процес на барање стан за издавање, спремивме листа од 10 прашања кои треба да ги поставите пред да склучите договор за изнајмување на стан. Кога овие работи ќе бидат разјаснети, вашиот престој како станар ќе ви биде многу полесен, а и сопственикот на станот ќе биде задоволен.
Поставувањето на конкретни, внимателно одбрани прашања, при изнајмувањето на стан, ќе ви помогне да ги откриете помалку познатите карактеристики за станот, сопственикот или договорот за изнајмување.
Големите поскапувања кои се случуваат секојдневно, може да имаат влијание врз цената на недвижностите - како за продажба така и за издавање. За да се осигурате дека месечната кирија нема да подлегне на овие поскапувања, и за да можете однапред да си ги испланирате месечните трошоци, потребно е да бидете јасно информирани дали треба да очекувате промени во месечната кирија.
Ова е исто така важно прашање особено кога студенти изнајмуваат станови кои не ги користат 3 месеци во годината. Дали е потребно да се договорите за плаќање на некоја минимална сума за овие месеци или ќе биде потребно да ја плаќате целосната кирија иако не го користите станот?
Трошоците за вода, струја, интернет, одржување на зграда, парно и слично влијаат многу врз одлуката кој стан да се изнајми. Доколку трошоците за сметки се прилично високи можеби е подобро да разгледате станови со помала квадратура и пониски трошоци за сметки.
Ова прашање треба да се постави на самиот почеток од разговорот бидејќи можно е вам да ви е потребно да се вселите од 1ви Септември а станот да е слободен дури на 15ти Септември. Или пак, можно е сопственикот да сака да го издаде станот што поскоро, а вие да имате потреба од вселување многу подоцна на пример за месец дена од договорот. Губење на време е доколку не се согласуваате во однос на датумите за издавање.
Доколку сопственикот бара кираџија кој ќе го изнајми станот на не полаку од една година а вам ви е потребен на само 9 месеци, тогаш не е битно колку убав е станот - едноставно тоа не ви одговара вам и е важно да ја дознаете оваа информации што поскоро.
Дoaѓаат ситуации кога станарот мора да го раскине договорот од непредвидливи причини. Често во такви ситуации преостанатата сума од договорот мора да биде исплатена иако станот нема да се користи.
Доколку сопственикот одговори дека издава само на женски лица, на вработени лица или сл. тоа значи дека сопственикот има дискриминирачки навики и најверојатно ќе се однесува исто и за други аспекти од изнајмувањето.
Доколку вие поседувате автомобил, а исто така има и други кираџии кои имаат потреба од паркинг место ќе настане проблем доколку паркинг простор не e обезбеден од сопственикот на станот. Поради тоа потребно е да бидете информирани за слободни паркинг места во близина на станот.
Некои сопственици негодуваат кога во станот кој го издаваат се задржуваат предолго гости, како дечко или девојка. Најдобро е однапред да се разговара за очекувањата и да се побара од сопственикот да ги документира своите правила во договорот за изнајмување. Побарајте конкретно да биде специфицирано што значи за сопственикот и како тој одредува гостин кој предолго го посетува станот.
Ако сопственикот нема конкретен одговор тоа значи дека недоволно се грижи за одржувањето на станот и навременото санирање на потребните поправки. Овој аспект од изајмувањето на стан е многу важен, па погрижете се се да биде јасно договорено уште од самиот почеток.
Се надеваме дека ви помогнавме при процесот на изнајмување стан или некоја друга недвижност. Доколку сеуште сте во процес на разгледување станови за издавање, погледнете ги сите наши огласи за изнајмување на станови во Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Тетово и други места низ државава.
Пораки
Информации за корисникот