Да се работи од дома изгледа како идеална опција ... сè додека не сфатите дека Вашата продуктивност варира од ден на ден.
Работата од дома е одлика на многу модерни професии, но има се повеќе компании што им овозможуваат на своите вработени да работат надвор од канцеларијата. Пазар3 е платформа која ги следи светските деловни трендови и создаде достапно место за рекламирање за секој што бара и нуди работа од дома. Тука на едно место има одлични понуди за работа од дома.
Забележавме дека недостатокот на продуктивност е вообичаен проблем и на сите им е потребна мотивација за работа од дома. Ние истраживме за Вас и во продолжение следи одговорот на најчесто поставуваното прашање: Како да ја зголемите продуктивноста кога работите од дома ?
Кога работите во деловен простор на компанијата, работното време е јасно дефинирано. Покрај тоа, тимот со кој работите во иста кацеларија дополнително Ве мотивира.
Кога работите од дома, многу е потешко да се преместите од перница на биро, а концентрацијата е најголема наутро, кога сме најодморени. Затоа е важно мотивацијата за работа од дома во утринските часови да биде поголема. Размислувајте дека што порано започнете со работа побрзо ќе завршите. Затоа, станете, појадувајте и веднаш почнете со работа.
Кога работите од дома, вие сте свој менаџер и Вие сте одговорни за планирање на обврските и имате распоред за текот на денот. Испланирајте го секој работен ден, а потоа придржувајте се до планот. Во текот на работниот ден, планот ќе Ве потсети на сите обврски што треба да се завршат и нема да Ви дозволи да изгубите концентрација.
По завршувањето на секоја задача, истата можете да ја прецртате - како фиктивно така и буквално (на хартија). Ова ќе биде одлична дополнителна мотивација за Вашата работна сила и секој работен ден од дома ќе Ви биде продуктивен и ефикасен.
Кога станува збор за работа од дома, мотивацијата зависи и од самиот работен простор. Тоа што не работите во канцеларија не значи дека не можете да имате канцеларија! Создадете место за работа што ќе личи на типична канцеларија.
Стабилна и голема работна маса со доволно простор за сите Ваши потреби и квалитетна опрема за работа што Ви треба ќе ве мотивираат многу повеќе отколку да работите во фотелја или на троседот. Организирајте ја домашната канцеларија и ќе забележите зголемување на ефикасноста од ден на ден.
Како да се зголеми продуктивноста кога работите од дома? Дефинитивно без користење на социјални мрежи! Ако работите на компјутер и го користите Интернетот, како и повеќето луѓе кои работат дома, ќе ги користите и социјалните мрежи.
За да не користите социјални мрежи додека работите дома, препорачуваме да се одјавите од нив и да ги избришете сите можни пристапи до социјални мрежи од екранот. Ако сакате да користите социјални мрежи на Вашиот телефон ограничете го пристапот на Вашиот телефон на неколку часа.
Кога работите од дома, природно е да се однесувате порелаксирано отколку во канцеларијата. Ова значи дека веројатно ќе си дозволите да одговорите на телефонот во работно време. За да останете фокусирани и да ја задржите мотивацијата додека работите Ве советуваме да ја одложите комуникацијата со Вашите најблиски, кога ќе заврши работниот ден.
Тоа што работите надвор од компанијата не мора да значи дека работите од дома. Кафич лоциран во близина или кое било друго место каде се чувствувате дека би можеле да бидете продуктивни - исто така ќе биде врвно решение.
Можеби е пријатно за Вас да работите надвор од дома често, можеби еднаш неделно, и можеби поретко од тоа. Она што е сигурно е дека немате што да чекате ако видите дека не сте мотивирани да работите од дома - излезете и истражете алтернативи!
За да ја зголемите ефикасноста на работа од дома - слободно земете паузи! Започнете со пауза од пет минути на секои половина час и постепено воведувајте се поголемо и поголемо временско растојание помеѓу паузите. Една пауза од 20 минути до половина час за ручекот исто така ќе влијае во вашата концентрација. После паузите ќе бидете повеќе мотивирани за работа и постепено сè повеќе и повеќе концентрирани.
Ако го подготвите Вашиот ручек пред да почнете со работа, ќе можете да користите повеќе од Вашето време за одмор за други работи. Покрај тоа, ќе го почнете работниот ден целосно ослободени од грижата за ручекот, кој ќе Ве чека подготвен во кујната.
Знаеме дека е лесно да се каже и потешко да се направи, но ако ги применувате постепено, ова се тие совети кои ќе станат дел од вашата дневна рутина и подобрените резултати во работата ќе ги забележите многу брзо. Ако барате или нудите работа од дома – Вие сте на вистинското место. Поставете ја вашата реклама брзо и лесно, и сигурни сме дека ќе го пронајдете она што го сакате во најкус можен рок.
Пораки
Информации за корисникот